Општина Пехчево по четврти пат се вклучува во кампањата за одбележување на ,,Европска недела на мобилност,, и по тој повод Ве покануваме да се вклучите и Вие заедно да го одбележиме ,,22 Септември – Ден без автомобили,,.
Овој Меѓународен ден без автомобили Општина Пехчево ќе го одбележи со организирање на крос натпревар. Крос натпреварот ќе се одржи на булеварот Равен во период од 14:30 до 15:30 часот.
Во трката ќе земат учество учениците од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево:
Прва трка: ученици од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево – машки;
Втора трка: ученици од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево – женски;
Од страна на општина Пехчево, во соработка со Министерството за внатрешни работи на 22.09.2017 година на ,,Денот без автомобили,, во периодот од 14:30 до 15:30 часот ќе биде овозможено улицата Равен да биде затворена за сообраќај.
Целта на кампањата Европската недела на мобилност е да се развие дијалог помеѓу сите засегнати страни за различни аспекти на движење (мобилност), да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорт со што ќе се намали употребата на автомобили и ќе се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот.
Европската недела на мобилност е кампања која се одржува од 16-22 дептември, а промовира визија на градски улици на кои не доминираат моторните возила. Тоа е недела на велосипедистите, пешаците, возачите на ролери, тротинети, скејт-борди, корисниците на инвалидски колички, на сите учесници во сообраќајот кои не ја загадуваат животната средина, не прават бучава, не го заземаат животниот простор на своите сограѓани.