Драган Тренчовски Градоначалник на Општина Пехчево
Надлежности на градоначалникот
- Ја претставува и застапува општината;
- Ја контролира законитоста на прописите на советот;
- Ги објавува прописите на советот во службено гласило на општината;
- Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
- Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината;
- Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот;
- Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на Општината;
- Го извршува буџетот на општината;
- Избира директори на јавни служби кои ги основала Општината врз основа на јавен конкурс;
- Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;
- Решава за управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во согласност со законот;
- Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
- Раководи со општинската администрација;
- Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација доколку поинаку не е определено со закон;
- Обезбедува правилно и законско користење, одржување и заштита на сопственоста на општината во согласност со законот и со Статутот;
- Врши и други работи утвдени со законот и со Статутот.
Биографија (CV) на градоначалникот
Дата и место на раѓање: 06.05.1982 година во Штип
Националност: Македонец
Адреса на живеење: ул. „Славчо Кацарски“ бр.15 Пехчево
Државјанство: Р.Македонија
Брачен статус: Неоженет
Образование и квалификации:
Основно образование завршува во Пехчево. Средно образование завршува во – Штип, како забен техничар.
Високо образование завршува во Софија на колеџот „Јорданка Филаретова“ , насока специјалист по заботехника.
Професионален ангажман:
– 2009-2013 година советник во Советот на општина Пехчево
Други вештини и постигнувања:
Учествува на повеќе семинари и курсеви и има добри познавања во струката. Познавање на англиски јазик.
Изјава – Закон за спречување на корупција и судир на интереси