Вегетација

Просторот на општина Пехчево се одликува со разновидна природна и културна вегетација. Според анализата на шумските карти, сателитските снимки и Corine Land Cover (CLC2006) моделот, најголема површина во општина Пехчево зафаќат шумите и тоа околу 45%. Тие се распространети во долината на Брегалница, по падините на планината Влаина и Бејаз Тепе. Во последните неколку века, голем дел од шумската вегетација е уништен и претворен во пасишта и обработливи површини. Најмногу е уништен дабовиот појас и тоа до височина од околу 1000 метри. Над дабовиот појас, а некаде и директно каде истиот одсуствува се појавува буковиот појас. Горската букова шума (Fagetum montanum) е распространета на височини од 1400 до 1600 метри, а во нејзиниот состав, често се јавува и белиот бор. Предпланинската букова шума (Fagetum subalpinum) се јавува на мали површини во високиот дел на долината на Брегалница каде има и фрагменти на буково-елова шума. Како пионерски видови кои можат да формираат заедници се јавуваат црниот и белиот бор и модрата смрека. Шумата од црн бор врз силикатна подлога настанала по стаништето на дабот плоскач и на подгорската букова шума, додека шумата од бел бор е пионерски стадиум во зоната на горската букова шума. Шипјаците од модра смрека (Juniperus communis) се јавуваат како пионерски видови во напуштените ниви и пасишта во дабовиот и буковиот појас до 1500 метри височина.

25-Sumski resursi

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Покрај шумите, значителна површина зафаќаат пасиштата и тоа околу 18%. Се јавуваат од најниските делови па до највисоките планински подрачја. Пасиштата се составени од различни тревни заедници од ридските до повисоките планински терени (Мицевски, 1978). Меѓу нив има и некои ендемични видови како што е раритетната „муволовка“ (Drosera Rotundifolia) која ги „зграбува“ инсектите што ќе застанат на неј-зиниот цвет. Исто така се среќаваат растенија кои се сметаат за лековити. Во однос на застапеноста на вегетацијата, според релјефните форми ќе се увиди дека во рамното дно преовладуваат обработливи површини, а од природната вегетација се јавува ливадската вегетација. Во брановидно ридестите терени со езерските тераси голем дел од површините се под ридски пасишта, а помал дел се обработени. Порано овој простор бил под дабова шума, габер, благун, плоскач и цер.

Карта на покровност на земјиштето

Карта на покровност на земјиштето на општина Пехчево

Обработливите површини во општината Пехчево се доста ограничени и зафаќаат 13%. На нив најмногу се одгледуваат житни култури. Многу голем проблем претставува силната ерозија и другите природни непогоди на места каде е уништена шумската вегетација и наместо неа се појавиле голини и проретчени пасишта. Токму во такви простори се формирани големи долови, мелови, свлечишта и други појави.

Структура на користење на земјиштето во општина Пехчево според CLC2006 моделот.

CLC кодTип

P km2

P%

2

урбана површина

1.12

0.54

12

обработливо земјиште

10.92

5.24

16

овоштарници

1.11

0.53

18

пасишта

19.07

9.15

20

хетерогени површини

16.51

7.92

21

мешани површини

30.99

14.86

23

листопадни шуми

42.83

20.54

24

четинарски шуми

28.93

13.88

25

мешани шуми

20.18

9.68

26

природни пасишта

17.48

8.38

29

транзитни шуми

19.35

9.28

Општина Пехчево © 2013 - 2020 Сите права се задржани | Hosting and Development by MSP Myserverplace