Геологија

Подрачјето на општина Пехчево, поради разновидната геолошка градба, изразени тектонски процеси и појава на магматизам во минатото е богато со одредени рудни и минерални наоѓалишта. Од металите, има појава на железна руда во околината на Пехчево, особено кај месноста Буковиќ. Појави на јаглен се констатирани кај селото Панчарево, каде има слоеви дебели по шест метри. Така се проценува дека резервите на јаглен (од типот на лигнити) помеѓу Стар Истевник и Панчарево изнесуваат околу 29 милиони тони. На планината Влаина, од локалитетот Буковиќ до врвот Кадиица и изворишниот дел на Пехчевска Река, досега се утврдени повеќе појави на рудна минерализација: бакар, железо, олово, цинк, злато и др. Рудните појави на овој простор се истражени од порано и се работи за наоѓалиште наречено Буковиќ-Кадиица, каде особено се истакнува бакарната минерализација. Според досегашните истражувања, најголем економски потенцијал има бакарот чии рудни резервни се проценети на околу 70 милиони тони, а просечната концентрација на бакарот околу 0,2%. Во близина на селото Црник се откриени појави на јаглен во вид на слоеви во неогени седименти. Тоа е потенцијално наоѓалиште кое припаѓа на групата меки кафеави јаглени-лигнити со средна калоричност. Геолошките резерви се проценети помеѓу 2 и 3 милиони тони. Во подрачјето на општината Пехчево, утврдена е појавата на дијатомејска земја јужно од селото Умлена. На повеќе места може да се забележи на самата површина на теренот, како слабо компактна и растресита земја со бела до сиво бела боја. Исто така во подрачјето на општина Пехчево се утврдени резерви на наоѓалишта на каолинска глина, присутна во слоеви со дебелина од 5-15 метри. По боја главно се бели, сиви и црни, поретко жолти. Истите можат да бидат значаен ресурс и да се употребуваат во керамичката и огноотпорната индустрија како и за производството на хартија. Проценети резерви на глина на подрачјето на Општина Пехчево изнесуваат околу 3 милиони тони, а најголемо наоѓалиште е „Елата“ (1 km северно од Пехчево) со вкупни резерви од 2,5 милиони тони.

01-GEOLOGIJA

Застапеност на различни карпести маси во општината Пехчево:

Ознака  

Тип                            

Период            

   P km2    

   P %     

       Y

G

ГнајсевиПрекамбриум

29,5

14.2

1,0

Sm

МикашистиПрекамбриум

10,3

4.9

1,0

Av

ГаброамфиболитиПрекамбриум

1,3

0.6

0,6

Sco

Шкрилци (к-х-с)Рифеј-камбр.

6,1

2.9

1,3

Sep

Шкрилци (е-х-а)Рифеј-камбр.

16,9

8.1

1,4

Sbb

МетадијабазиРифеј-камбр.

22,4

10.7

0,8

v

МетагаброПалеозоик

7,6

3.6

0,8

Y

ГранитиПалеозоик

19,8

9.5

0,5

aq

КварцлатитиТерциер

4,7

2.3

0,2

Sx

ВулканитиТерциер

2.9

1.4

0,4

Е

Конгломерати, флишТерциер

5,6

2.7

1,6

Pl

Плиоцени седим.Терциер

43,6

20.9

1,9

Pr

ПролувиумКвартер

7,1

3.4

1,9

j

ДелувијалниКвартер

30,8

14.8

2,0

Вкупно

208,5

100,0

 

Општина Пехчево © 2013 - 2020 Сите права се задржани | Hosting and Development by MSP Myserverplace