Општина Пехчево https://pehcevo.gov.mk Општина препознатлива за сите Tue, 28 Sep 2021 07:34:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=5.5.5 КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ГО ПОТПИПАА КОДЕКСОТ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ https://pehcevo.gov.mk/kandidatite-za-gradonachalnik-za-opshtina-pehchevo-go-potpipaa-kodeksot-za-fer-i-demokratski-izbori/ https://pehcevo.gov.mk/kandidatite-za-gradonachalnik-za-opshtina-pehchevo-go-potpipaa-kodeksot-za-fer-i-demokratski-izbori/#respond Sat, 25 Sep 2021 11:33:47 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=7198 Во присуство на Општинската изборна комисија Пехчево, на 25.09.2021 година во 12:00 часот во просториите на Општина Пехчево, кандидатите за градоначалник на Општина Пехчево го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, согласно член 8-в од Изборниот законик. Кандидатите за градоначалник на Општина Пехчево: Александар Китански, кандидат од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата ,,ОБНОВА ЗА […]

The post КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ГО ПОТПИПАА КОДЕКСОТ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Во присуство на Општинската изборна комисија Пехчево, на 25.09.2021 година во 12:00 часот во просториите на Општина Пехчево, кандидатите за градоначалник на Општина Пехчево го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, согласно член 8-в од Изборниот законик.

Кандидатите за градоначалник на Општина Пехчево:

  • Александар Китански, кандидат од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата ,,ОБНОВА ЗА МАКЕДОНИЈА“,
  • Славчо Пандурски, кандидат од Коалицијата ,,НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“ предводена од СДСМ и
  • НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ Александар Ѓорѓиевски – ГРУПА ИЗБИРАЧИ,

се обврзаа дека со своите активности поврзани со изборите закажани за 17 октомври 2021 година ќе придонесат возацврстувањето на фундаменталните вредности на демократијата и ќе придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем.

Воедно, кандидатите за градоначалник се обврзаа дека ќе придонесат претстојните избори да бидат фер и демократски и дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење кои придонесуваат за демократски развој на општеството.

Потпишувајќи го Кодексот за фер и демократски избори кандидатите за градоначалници на Општина Пехчево, свечено се обврзаа и си ветија еден на друг, но и на сите граѓани, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на фер и демократски избори.

The post КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ГО ПОТПИПАА КОДЕКСОТ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ appeared first on Општина Пехчево.

]]>
https://pehcevo.gov.mk/kandidatite-za-gradonachalnik-za-opshtina-pehchevo-go-potpipaa-kodeksot-za-fer-i-demokratski-izbori/feed/ 0
Решенија за именување на претседател, заменик претседател, членови и нивни заменици во избирачки одбори Пехчево https://pehcevo.gov.mk/reshenija-za-imenuvane-na-pretsedatel-zamenik-pretsedatel-chlenovi-i-nivni-zamenitsi-vo-izbirachki-odbori-pehchevo/ https://pehcevo.gov.mk/reshenija-za-imenuvane-na-pretsedatel-zamenik-pretsedatel-chlenovi-i-nivni-zamenitsi-vo-izbirachki-odbori-pehchevo/#respond Thu, 16 Sep 2021 08:47:30 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=7182 *Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0017 (Негрево) *Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0018 (Панчарево) *Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за […]

The post Решенија за именување на претседател, заменик претседател, членови и нивни заменици во избирачки одбори Пехчево appeared first on Општина Пехчево.

]]>
*Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0017 (Негрево) пдф

*Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0018 (Панчарево) пдф

*Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0019 (Пехчево) пдф

*Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0020 (Пехчево) пдф

*Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0021 (Пехчево) пдф

*Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0022 (Робово) пдф

*Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0023 (Умлена) пдф

*Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0024 (Црник) пдф

*Решение за именување на претседател, негов заменик, членови и нивни заменици во избирачки одбор за избирачко место број 0025 (Чифлик) пдф

The post Решенија за именување на претседател, заменик претседател, членови и нивни заменици во избирачки одбори Пехчево appeared first on Општина Пехчево.

]]>
https://pehcevo.gov.mk/reshenija-za-imenuvane-na-pretsedatel-zamenik-pretsedatel-chlenovi-i-nivni-zamenitsi-vo-izbirachki-odbori-pehchevo/feed/ 0
ДОГОВОР ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТА – обезбедување на услуги од Општина Берово за Општина Пехчево https://pehcevo.gov.mk/dogovor-za-potvrduvane-na-meguopshtinska-sorabota-obezbeduvane-na-uslugi-od-opshtina-berovo-za-opshtina-pehchevo/ https://pehcevo.gov.mk/dogovor-za-potvrduvane-na-meguopshtinska-sorabota-obezbeduvane-na-uslugi-od-opshtina-berovo-za-opshtina-pehchevo/#respond Wed, 15 Sep 2021 12:34:42 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=7179 ДОГОВОР ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА   Склучен на ден 14.09.2021 година помеѓу: Општина ПЕХЧЕВО, ул.Равен бр. 8 – Пехчево, претставувана од Градоначалникот Драган Тренчовски, како корисник на услуги (во понатамошниот текст – корисникот) и Општина БЕРОВО, ул. Димитар Влахов бр.10 – Берово, претставувана од Градоначалникот Звонко Пекевски, како давател на услуги (во понатамошниот текст […]

The post ДОГОВОР ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТА – обезбедување на услуги од Општина Берово за Општина Пехчево appeared first on Општина Пехчево.

]]>
ДОГОВОР

ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА

 

Склучен на ден 14.09.2021 година помеѓу:

Општина ПЕХЧЕВО, ул.Равен бр. 8 – Пехчево, претставувана од Градоначалникот Драган Тренчовски, како корисник на услуги (во понатамошниот текст – корисникот) и

Општина БЕРОВО, ул. Димитар Влахов бр.10 – Берово, претставувана од Градоначалникот Звонко Пекевски, како давател на услуги (во понатамошниот текст – давателот).

 

Предмет на договорот

Член 1

Предмет на овој договор е потврдување на воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу двете договорни општини, согласно Одлуката за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка бр. 09-2858/1 од 06.08.2021 година донесена од Совет на општина Берово и Одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово бр. 08-845/1 од 19.07.2021 година донесена од Совет на општина Пехчево а која се однесува на обезбедување на услуги од Општина Берово за Општина Пехчево од овластени проценители на недвижен имот вработени во Општина Берово, за определен надоместок.

ДОГОВОР ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА пдф

The post ДОГОВОР ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТА – обезбедување на услуги од Општина Берово за Општина Пехчево appeared first on Општина Пехчево.

]]>
https://pehcevo.gov.mk/dogovor-za-potvrduvane-na-meguopshtinska-sorabota-obezbeduvane-na-uslugi-od-opshtina-berovo-za-opshtina-pehchevo/feed/ 0
Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА – НОВА РЕФРАКТОРИ https://pehcevo.gov.mk/b-integrirana-ekoloshka-dozvola-nova-refraktori/ https://pehcevo.gov.mk/b-integrirana-ekoloshka-dozvola-nova-refraktori/#respond Mon, 30 Aug 2021 07:43:06 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=7175 Градоначалникот на општина Пехчево објавува Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА Согласно член 124одЗаконот заживотна средина(Службенвесник наРМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/2013, 187/13,42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 28/18 и 65/18 ) до градоначалникот на општина Пехчево доставено е барање за Б- интегрирана еколошка дозвола со бр. 01-438/6 од 02.06. 2021 […]

The post Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА – НОВА РЕФРАКТОРИ appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Градоначалникот на општина Пехчево
објавува
Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА
Согласно член 124одЗаконот заживотна средина(Службенвесник наРМ бр.
53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/2013, 187/13,42/14, 44/15,
129/15, 192/15, 39/16 28/18 и 65/18 ) до градоначалникот на општина Пехчево доставено е
барање за Б- интегрирана еколошка дозвола со бр. 01-438/6 од 02.06. 2021
Подносител на барањето е:
НОВА РЕФРАКТОРИ ДОО ПЕХЧЕВО
Ул.,,Индустриска,, бр. 6, 2326 Пехчево, Република Северна Македонија
Локација на инсталацијата: Пехчево
Контакт лице: Благица Шалевска – Менаџер за инвестиции, развој и контрола
Тел: 033/441 -135; фах. 033/441- 358
Категорија на инсталација:
Индустрија на минерали – Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање
на минерални суровини.
Инсталација во која се врши производство на керамички производи.
Вид активности:
На локацијата од фирмата Нова Рефрактори ДОО Пехчево, ОПШТИНА ПЕХЧЕВО – е
поставена инсталација за производство на керамички производи со печење, пред се
керамиди, тули, огноотпорни тули, плочки, каменина или порцелан, со производствен
капацитет до 75 тона дневно, односно 26.500 тони годишно.
Целокупната документација содржана во Б – интегрираната дозвола и активностите кои ќе бидат
спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе
бидат достапни за заинтересираната јавност во просториите на општина Пехчево и на веб-
страницата на Општина Пехчево www.pehcevo.gov.mk
Објава Б дозвола пдф
Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА пдф

The post Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА – НОВА РЕФРАКТОРИ appeared first on Општина Пехчево.

]]>
https://pehcevo.gov.mk/b-integrirana-ekoloshka-dozvola-nova-refraktori/feed/ 0
ПОКАНА за on line Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел https://pehcevo.gov.mk/pokana-za-on-line-javna-rasprava-po-natsrt-odluka-za-proglasuvane-na-del-od-maleshevo-za-zashtiten-predel/ https://pehcevo.gov.mk/pokana-za-on-line-javna-rasprava-po-natsrt-odluka-za-proglasuvane-na-del-od-maleshevo-za-zashtiten-predel/#respond Wed, 25 Aug 2021 09:09:58 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=7172 Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Берово и Пехчево, Ве поканува на Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел. Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 02.09.2021 година  (четврток), со почеток во 11:00 – 13:30  часот. Заради транспарентост во постапката […]

The post ПОКАНА за on line Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Берово и Пехчево, Ве поканува на Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел.

Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 02.09.2021 година  (четврток), со почеток во 11:00 – 13:30  часот.

Заради транспарентост во постапката и вклучување на локалното население ќе се врши ре-продукција во живо на јавната расправа во Општините Берово и Пехчево. Локалното население ќе може да ја следи и учествува во јавната расправа преку видео бим кој ќе биде поставен во Општина Берово во дворот на детската градинка ОУДГ “23 Август” како и во општина  Пехчево во дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево. На овие локации ќе бидат почитувани КОВИД мерките пропишани од Владата на Република Северна Македонија.

Нацрт-Одлуката е објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) како и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса најдоцна до 31.08.2021(вторник): skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.

Канцеларија за комуникација со јавност

 

ДНЕВЕН РЕД

2 Септември, 2021 година

 

ЗООМ Платформа

Join Zoom Meeting
https://us02web.zoom.us/j/86849291529?pwd=aC9jdzliaFRnd1RjTnl4Rlh6YmtOZz09

Meeting ID: 868 4929 1529

Passcode: 849469

11:00 – 11:10 Отварање на Јавната расправа

Модератор

11:10 – 11:15 Обраќање на претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање
11:15 – 11:20 Обраќање на Градоначалник на Општина Берово

 

11:20 – 11:25 Обраќање на Градоначалник на Општина Пехчево
11:25 – 11:30 Обраќање на претставник на ЈП Национални Шуми
11:30 – 11:55 Природни вредности, категорија на заштита, предлог граници и предлог зони на Заштитен предел – Малешево

 

Претставник од Македонско еколошко друштво, изготвувач на Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевски Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел- Малешево (2021)

11:55 – 12:10
Постапка за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје и Нацрт-Одлука за прогласување на дел Малешево за заштитен предел

Претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање

12:10-13:25 Дискусија
13:25 – 13:30 Затварање на јавната расправа –

Модератор

 

The post ПОКАНА за on line Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел appeared first on Општина Пехчево.

]]>
https://pehcevo.gov.mk/pokana-za-on-line-javna-rasprava-po-natsrt-odluka-za-proglasuvane-na-del-od-maleshevo-za-zashtiten-predel/feed/ 0
Повик за поднесување на понуди: Втор проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2 изградба на локални улици во с.Црник https://pehcevo.gov.mk/povik-za-podnesuvane-na-ponudi-vtor-proekt-za-podobruvane-na-opshtinskite-uslugi-msip2-izgradba-na-lokalni-ulitsi-vo-s-tsrnik/ https://pehcevo.gov.mk/povik-za-podnesuvane-na-ponudi-vtor-proekt-za-podobruvane-na-opshtinskite-uslugi-msip2-izgradba-na-lokalni-ulitsi-vo-s-tsrnik/#respond Fri, 06 Aug 2021 09:53:30 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=7163 Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија Втор проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2 MSIP2-SIG-NCB-022-21-2 Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година. […]

The post Повик за поднесување на понуди: Втор проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2 изградба на локални улици во с.Црник appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Повик за поднесување на понуди

Република Северна Македонија

Втор проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2

MSIP2-SIG-NCB-022-21-2

  1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.
  2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Вторпроект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој грант да ги искористи за плаќања по договор за: изградба на локални улици во с.Црник, општина Пехчево.
  3. ОпштинаПехчевоги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат, изградба на локалниулицивос.Црник, општина Пехчево.
  4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
  5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 07:30 до 15:30

Адреса: ул.Равен бр.8

Град: Пехчево

Поштенски број: 2326

Држава: Република Северна Македонија

Телефон: 033/441-321

Е маил: opstina_pehcevo@t.mk

  1. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена погоре и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

Банка: Народна банка на РепубликаСеверна Македонија

Број на сметка 100 000000063095

Уплатна сметка – 754014001063019

Приходно конто: 724125 програма 00

  1. Тендерската документација може да се добие директно од Општина Пехчево со поднесување на писмено барање и приложување на докази за уплата за подигање на тендерска документација или по електронска пошта.

8. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч 06.09.2021година Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 06.09.2021година

  1. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од : 70.000,00 МКД.
  2. ОпштинаПехчево

Адреса: ул.Равен бр.8

Град: Пехчево

Поштенски број: 2326

Држава: Република Северна  Македонија

Телефон: 033/441-321

Е маил: opstina_pehcevo@t.mk

The post Повик за поднесување на понуди: Втор проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2 изградба на локални улици во с.Црник appeared first on Општина Пехчево.

]]>
https://pehcevo.gov.mk/povik-za-podnesuvane-na-ponudi-vtor-proekt-za-podobruvane-na-opshtinskite-uslugi-msip2-izgradba-na-lokalni-ulitsi-vo-s-tsrnik/feed/ 0
НАЦРТ Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА – НОВА РЕФРАКТОРИ https://pehcevo.gov.mk/natsrt-b-integrirana-ekoloshka-dozvola-nova-refraktori/ https://pehcevo.gov.mk/natsrt-b-integrirana-ekoloshka-dozvola-nova-refraktori/#respond Fri, 23 Jul 2021 07:53:54 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=7166 Градоначалникот на општина Пехчево објавува НАЦРТ  Б – ИНТЕГРИРАНА ДОЗВОЛА   Согласно член  124 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/2013, 187/13,42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 28/18 и 65/18 ) до градоначалникот на општина Пехчево доставено е барање за Б- интегрирана еколошка […]

The post НАЦРТ Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА – НОВА РЕФРАКТОРИ appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Градоначалникот на општина Пехчево

објавува

НАЦРТ  Б – ИНТЕГРИРАНА ДОЗВОЛА

 

Согласно член  124 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/2013, 187/13,42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 28/18 и 65/18 ) до градоначалникот на општина Пехчево доставено е барање за Б- интегрирана еколошка дозвола  со бр. 01-438/6 од 02.06. 2021

Подносител на барањето е:

НОВА РЕФРАКТОРИ ДОО  ПЕХЧЕВО

Ул.,,Индустриска,, бр. 6,  2326 Пехчево, Република  Северна Македонија

Локација на инсталацијата: Пехчево

Контакт лице: Благица Шалевска – Менаџер за инвестиции, развој и контрола

Тел: 033/441 -135; фах. 033/441- 358

Категорија на инсталација:

Индустрија на минерали –  Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.

Инсталација во која се врши производство на керамички производи.

Вид активности:

На локацијата од фирмата Нова Рефрактори ДОО Пехчево, ОПШТИНА  ПЕХЧЕВО –  е поставена инсталација за  производство на керамички производи со печење, пред се керамиди, тули, огноотпорни тули, плочки, каменина или порцелан, со производствен капацитет до 75 тона дневно, односно  26.500 тони годишно.

Нацрт Б – интегрираната дозвола ќе биде достапна за заинтересирана јавност на веб-страницата на Општина Пехчево  www.pehcevo.gov.mk

Објава на нацрт пдф

НАЦРТ Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА пдф

The post НАЦРТ Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА – НОВА РЕФРАКТОРИ appeared first on Општина Пехчево.

]]>
https://pehcevo.gov.mk/natsrt-b-integrirana-ekoloshka-dozvola-nova-refraktori/feed/ 0
Дневен ред на триесет и седма седница на Советот на општина Пехчево https://pehcevo.gov.mk/dneven-red-na-trieset-i-sedma-sednitsa-na-sovetot-na-opshtina-pehchevo/ https://pehcevo.gov.mk/dneven-red-na-trieset-i-sedma-sednitsa-na-sovetot-na-opshtina-pehchevo/#respond Fri, 16 Jul 2021 06:56:56 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=7158 Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 37-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 19.07.2021 година (понеделник). 37-та седница на советот на општина Пехчево […]

The post Дневен ред на триесет и седма седница на Советот на општина Пехчево appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 37-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 19.07.2021 година (понеделник). 37-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

  1. Усвојување на записникот од 36-та седница на советот на општина Пехчево;
  2. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на буџетот на општина Пехчево за 2021 година;
  3. Предлог oдлука за усвојување на Пречистен текст на Статутот на општина Пехчево;
  4. Предлог oдлука за давање согласност за формирање паралелки од I до IX одделение со помалку од 20 ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и подрачните училишта за учебната 2021/2022 година;
  5. Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево за 2021 година;
  6. Предлог oдлука за усвојување на Годишен извештај за работата на овластениот комунален инспектор при општина Пехчево за 2020 година;
  7. Предлог oдлука за донесување на Урбанистички план за село Црник, општина Пехчево плански период 2016 – 2026 година;
  8. Предлог одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Источниот плански регион број;
  9. Предлог одлука за основање на Центар за развој на Источниот плански регион – Пречистен текст;
  10. Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово;
  11. Предлог oдлука за усвојување на Годишниот план за вработување во OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2022 година;
  12. Предлог oдлука за усвојување на Извештај од самоевалуација на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2020/2021 година;
  13. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2020/2021 година;
  14. Предлог oдлука за усвојување на годишна програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2021/2022 година;
  15. Предлог oдлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2021/2022 година;
  16. Предлог oдлука за давање согласност за формирање на возрасни групи со повеќе или помалку деца во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2021-2022 година;
  17. Предлог oдлука за давање согласност за подготовка на оброк за деца од 6 до 10 годишна возраст во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2021/2022 година;
  18. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2020-2021 година;
  19. Предлог oдлука за усвојување на годишна програма за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за учебната 2021/2022 година;
  20. Барања од граѓани;
  21. Советнички прашања;

22.Тековни активности;

Совет на Општина Пехчево

Претседател

Николчо Јовчев с.р

The post Дневен ред на триесет и седма седница на Советот на општина Пехчево appeared first on Општина Пехчево.

]]>
https://pehcevo.gov.mk/dneven-red-na-trieset-i-sedma-sednitsa-na-sovetot-na-opshtina-pehchevo/feed/ 0
Барање за добивање Б – интегрирана дозвола ДПТПУ Нова Рефрактори ДОО Пехчево https://pehcevo.gov.mk/barane-za-dobivane-b-integrirana-dozvola-dptpu-nova-refraktori-doo-pehchevo/ https://pehcevo.gov.mk/barane-za-dobivane-b-integrirana-dozvola-dptpu-nova-refraktori-doo-pehchevo/#respond Wed, 23 Jun 2021 08:23:18 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=7147 Барање за добивање Б – интегрирана дозвола Подносител на барањето: ДПТПУ Нова Рефрактори ДОО Пехчево Барањето може да го превземете тука

The post Барање за добивање Б – интегрирана дозвола ДПТПУ Нова Рефрактори ДОО Пехчево appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Барање за добивање Б – интегрирана дозвола

Подносител на барањето:

ДПТПУ Нова Рефрактори ДОО Пехчево

Барањето може да го превземете тука пдф

The post Барање за добивање Б – интегрирана дозвола ДПТПУ Нова Рефрактори ДОО Пехчево appeared first on Општина Пехчево.

]]>
https://pehcevo.gov.mk/barane-za-dobivane-b-integrirana-dozvola-dptpu-nova-refraktori-doo-pehchevo/feed/ 0
ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица од територијата на општина Пехчево за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2021 год. https://pehcevo.gov.mk/javen-povik-do-nevrabotenite-litsa-od-teritorijata-na-opshtina-pehchevo-za-rabotno-angazhirane-za-izveduvane-na-javni-raboti-2021-god/ https://pehcevo.gov.mk/javen-povik-do-nevrabotenite-litsa-od-teritorijata-na-opshtina-pehchevo-za-rabotno-angazhirane-za-izveduvane-na-javni-raboti-2021-god/#respond Tue, 22 Jun 2021 11:30:42 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=7150 Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија  за  Мерка 6: Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на  Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и општина Пехчево, односно учеството на […]

The post ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица од територијата на општина Пехчево за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2021 год. appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија  за  Мерка 6: Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на  Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и општина Пехчево, односно учеството на општина Пехчево во ОП за 2021, Мерка 6: Јавни работи, општина Пехчево на ден 22.06.2021(вторник) објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

доневработените лица од територијата на општина Пехчево за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2021 год.

 

Општина Пехчево има потреба од работно ангажирање на работници за извршување на работи од јавен интерес и согласно на тоа се повикуваат сите евидентирани невработени лица со ниски квалификации  од територијата на општина Пехчево кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи во проекти  од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во просториите на АВРСМ, Биро за вработување, Канцеларија Пехчево и да пополнат соодветна Пријава за учество.

Јавниот повик за работно ангажирање на невработени лица за изведување на Јавни работи од јавен интерес во општина Пехчево  трае 7 (седум) работни денови од денот на објавувањето односно заклучно со 30.06.2021 год. (среда).

Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на Градоначалникот на општина Пехчево со претставници од општинската администрација, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и АВРСМ, Биро за вработување.

Заинтересираните невработени лица потребно е да носат документ за лична идентификација за да можат да пополнат ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО за невработени лица во мерката Јавни работи и ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ.

За спроведување на предвидените проектни активности од делокругот на Јавни работи  предвидена е финансиска поддршка во износ од 400 денари по работно ангажирано лице – дневно со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за 20 работни часа неделно.

Селектираните невработени лица ќе бидат работно ангажирани од страна на општина Пехчево за период најмногу до 22 (дваесет и два) дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Општина Пехчево и селектираните невработените лица.

На корисниците на Гарантирана минимална помош од МТСП за времетраење на работното ангажирање на невработените лица ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат соодветни Пријави во просториите на АВРСМ, Биро за вработување, Канцеларија Пехчево, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Детални информации за Оперативниот план за активни програми и мерки  за вработување  и услуги на пазарот на трудот за 2021 година и Мерка 6: Јавни работи можат да се добијат на веб страната на општина Пехчево www.pehcevo.gov.mk, Агенцијата за вработувањеwww.av.gov.mk и на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk или во просториите на општина Пехчево, Канцеларија за Локален економски развој и во Работниот клуб на Центарот за вработување, односно во просториите на АВРСМ, Канцеларија Пехчево.

Контакт:

Општина Пехчево – Љупчо Каракашовски, контакт телефон 033 441 321 лок. 14 и

АВРСМ, Биро за вработување – Марија Тренчовска, контакт телефон 033 471 153

Целиот оглас може да го првземете тука пдф

The post ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица од територијата на општина Пехчево за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2021 год. appeared first on Општина Пехчево.

]]>
https://pehcevo.gov.mk/javen-povik-do-nevrabotenite-litsa-od-teritorijata-na-opshtina-pehchevo-za-rabotno-angazhirane-za-izveduvane-na-javni-raboti-2021-god/feed/ 0