ГИС на природни ресурси

Природни ресурси се елементи на животната околина што опстојуваат релативно недопрени од човекот во природен облик. Се карактеризираат со извесен степен на биоразновидност и георазновидност што постојат во дадениот екосистем. Некои од природните ресурси се од суштинско значење за опстанокот на човекот, додека пак други се користат за задоволување на некакви потреби. Експлоатацијата на ресурси подразбира нивно вадење од природата и честопати, понатамошна преработка за да се добијат суровини. Оваа дејност претставува значаен чинител во стопанството на една земја. Ресурсите претставуваат материјали и суровини кои се вадат или добиваат, но може да бидат сосем самостојни и целовидни, како што се водата, и воздухот. Може да бидат биолошки и небиолошки и да се користат непосредно или со претходна обработка. Извесни ресурси како сончевата светлина се присутни низ целата планета, но највеќето се јавуваат на мали и расеани подрачја. Највеќето имаат ограничена количина, но постојат и такви кои се неограничени (сонце, воздух, геотермална енергија). Најголемиот дел од ресурсите се конечни, што значи дека можат да секнат ако не се постапува внимателно.

Skokoto

Реката Брегалница е значителен хидрографски, но и туристички ресурс за општината Пехчево, особено со бројните водопади, бистрите и чисти планински води.

Во однос на природните карактеристики, без оглед на малата површина, општината Пехчево е доста интересна и разновидна. Тоа е изразено во поглед на геолошкиот состав, релјефот, климата, хидрографијата, вегетациските карактеристики како и во однос на почвите. Општината Пехчево располага со вредни природни ресурси како што се резерви на одредени метални и неметални суровини (бакар, јаглен, гранит, песок), релјефни, климатски, водни, шумски и почвени ресурси. Меѓутоа тие се доста ограничени и подложни на деградација од страна на човекот. Затоа, во рамките на проектот е креирана ГИС база на природните елементи и ресурси на општината Пехчево, со што многу полесно може да се добие увид во ресурсите, нивната просторна разместеност и временска променливост.

Кадиица

Геолошките и шумските ресурси на планината Влаина кај врвот Кадиица (1932 м) имаат голема важност за општината Пехчево. Не помало значење имаат и шумските ресурси на Малешевските Планини.

Најзначајните потенцијални и расположиви природни ресурси и одлики на општината Пехчево, во форма на ГИС модели и карти се претставени низ одделни категории: Геологија, Релјеф, Клима, Хидрографија, Вегетација и Почви

Општина Пехчево © 2013 - 2020 Сите права се задржани | Hosting and Development by MSP Myserverplace