19.2 C
Pehčevo

    Дневен ред за 10-та седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 10-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 01.07.2026 год (среда). 10-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 8-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Усвојување на записникот од 9-та седница на советот на општина Пехчево;
    3. Предлог одлука за изменување и дополнување на Одлука за основање на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;
    4. Предлог одлука за утврдување на начинот на финансирање и обезбедување средства за тековно работење и одржување на Заедничкото јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;
    5. Предлог одлука за именување на Домот на културата во c.Панчарево, општина Пехчево;
    6. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за член на управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    7. Предлог одлука за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот на плоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски Павловден – 2026;
    8. Предлог одлука за формирање Локален комитет за изработка на ЛЕАП на Општина Пехчево;
    9. Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2026 година до 31.03.2026 година;
    10. Барање од граѓани;
    11. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Миле Гошевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 9-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...