7.8 C
Pehčevo

    Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

    Датум:

    Почитувани,

    Центарот за развој на Источниот
    плански регион во име на
    Министерството за животна средина и
    просторно планирање, Ве поканува на
    јавна расправа по Нацрт-Просторниот
    план на Република Северна Македонија
    2040, која ќе се одржи на 15 октомври 2026
    година (четврток), со почеток во 11:00
    часот, во Салата на Советот на Општина
    Штип.

    Јавната расправа се организира со цел
    презентација на Нацрт-Просторниот план
    и овозможување активно учество на
    единиците на локалната самоуправа,
    институциите, стручната јавност,
    засегнатите страни и граѓаните во
    процесот на подготовка на овој значаен
    стратешки документ.

    Со оглед на значењето на Просторниот
    план за идниот просторен и регионален
    развој, Ве замолуваме да го проследите
    овој повик до релевантните институции,
    организации, компании, граѓански
    организации и други засегнати страни
    од Вашата општина, за кои сметате дека
    можат да дадат свој придонес преку
    учество и доставување мислења,
    предлози и забелешки.

    За потребите на информирање, во
    прилог/подолу го доставуваме текстот
    за објава:

    Јавна расправа за Нацрт-Просторниот
    план на Република Северна Македонија
    2040 во Источниот плански регион

    📅 15 октомври 2026 година
    🕚 11:00 часот
    📍 Сала на Советот на Општина Штип

    Нацрт-Просторниот план на Република
    Северна Македонија 2040 може да се
    разгледа на следниот линк:

    Нацрт-Просторен план на Република
    Северна Македонија 2040 [1]

    Ви благодариме за соработката и за
    Вашиот придонес кон навремено и широко
    информирање на засегнатите страни и
    јавноста во Источниот плански регион.

    Со почит,

    _Емил Василев_

    _Координатор за стратешко планирање и
    регионален развој_

    Центар за развој на Источен плански
    регион

    ул. „Ванчо Прке“ бр. 119, 2 спрат

    2000 Штип

    Република Северна Македонија

    T: +389 32 386 409

    M: +389 78 474 125

    E: emil.vasilev@eastregion.mk

    W: www.eastregion.mk [2]

    _Emil Vasilev_

    _Coordinator __for strategic planning and __regional development_

    Centre for Development of the East Planning Region

    st.  Vancho Prke 119, 2nd floor

    2000 Shtip

    Republic of North Macedonia

    T: +389 32 386 409

    M: +389 78 474 125

    E: emil.vasilev@eastregion.mk

    W: www.eastregion.mk [2]

    Links:
    ——
    [1]
    https://drive.google.com/file/d/1yR9hCAzFBwPCpxwXsRcnxiGUgRNoyt0J/view?usp=sharing
    [2] http://www.eastregion.mk/

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    РЕШЕНИЕ за одобрување проектна програма

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица - за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 13-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...