11.4 C
Pehčevo

    Дневен ред за 14-та седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 14-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 30.11.2026 год (понеделник). 14-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 13-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог програма за работа на советот на општина Пехчево, за 2027 година;
    3. Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Пехчево, за 2027 година;
    4. Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево, за 2027 година;
    5. Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево, за 2027 година;
    6. Предлог програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, за 2027 година;
    7. Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево, за 2027 година;
    8. Предлог одлука за именување на член на управен одбор во JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    9. Предлог програма за активностите на општина Пехчево за ревитализација по елиминирање на кризи во областа за заштита и спасување во 2027та година;
    10. Предлог одлука за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаична електрана со капацитет до 1MW), на КП 2027/2 и дел од КП 2036 КО Пехчево, општина Пехчево;
    11. Предлог одлука за утврдување на приоритет за аплицирање на Проектот на UNDP и Шведската Агенција за меѓународен развој (СИДА) „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Четврт повик за финансирање техничка документација“;
    12. Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – “Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Четврт повик за финансирање техничка документација” за финансирање на техничка документација за „Канализациона мрежа во с. Панчарево“, Пехчево;
    13. Барање од граѓани;
    14. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Миле Гошевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    РЕШЕНИЕ за одобрување проектна програма

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица - за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 13-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

    Почитувани, Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството...