7 C
Pehčevo

    Дневен ред за 13-та седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 13-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 27.10.2026 год (вторник). 13-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 11-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Усвојување на записникот од 12-та седница на советот на општина Пехчево;
    3. Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – работно ангажирање на невработени лица по програмата 6. Програма за работно ангажирање – Јавни работи 2026 проект „За поубаво и почисто Пехчево“ општина Пехчево;
    4. Предлог одлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси специјални возила и мотоцикли;
    5. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2025/2026 година;
    6. Предлог одлука за усвојување на шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2026 до 30.06.2026 година;
    7. Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – јуни 2026 година;
    8. Предлог одлука за определелување на висина на цена за собирање и транспортирање на комунален отпад од Пехчево и населените места во општина Пехчево;
    9. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за член на управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    10. Предлог одлука за усвојување на измени на Годишен план за вработување во општина Пехчево за 2026 година;
    11. Предлог одлука за давање на позитивно мислење за измени и дополнувања на Статут на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево;
    12. Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2026 година до 06.2026 година;
    13. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Буџетот на општина Пехчево за 2026 година;
    14. Барање од граѓани;
    15. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Миле Гошевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    РЕШЕНИЕ за одобрување проектна програма

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица - за член на Управен одбор...

    Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

    Почитувани, Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството...