Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 11-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 25.08.2026 год (вторник). 11-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од 10-та седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела за изградба на објект со намена Г4.7 – Градби за чување и складирање на дигитални податоци на КП 6268/1, КП 6268/2, КП 6268/3,КП 6269 и КП 6270, КО Панчарево, Општина Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на годишна програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2026 – 2027 година;
- Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти;
- Предлог одлука за давање на времено користење на градежна машина ровокопач JCB 4CX на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за давање на времено користење на комунална механизација – Трактор, Модел Deutz-Fahr, 2019 на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за давање на времено користење движна ствар (Лада Нива), на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за доделување на благодарници по повод ,,7-ми Септември”- Денот на ослободувањето на Пехчево за 2026 година;
- Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за член на управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2027 година;
- Предлог oдлука за усвојување на Годишен план за вработување во општина Пехчево за 2027 година;
- Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево;
- Предлог одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
- Предлог одлука за давање согласност за формирање на возрасни групи со повеќе или помалку деца во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2026-2027 година;
- Предлог одлука за ослободување од партиципација на ромски деца во социјален ризик за престој во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2026-2027 година;
- Предлог одлука за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ОJУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2025/2026 година;
- Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2026-2027 година;
- Предлог одлука за усвојување на дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Пехчево за 2026 година;
- Барање од граѓани;
- Советнички прашања;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Миле Гошевски с.р.
