11.5 C
Pehčevo

    Јавен оглас – до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

    Датум:

    Грб општина                                   Со цел подобра информираност на граѓаните и можност за доближување и олеснување на пристапот од услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе се реализира активноста Отворени денови со Агенцијата за вработување.

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:

     

    Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

    до

    евидентирани невработени лица за вклучување во

    Програмата Општинско – корисна работа

    Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  Нови социјални услуги во општина Пехчево II за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување, Центар за вработување  Пехчево.

    Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

    За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

    Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

     √ млади лица до 29 години со ниски квалификации

     

    √ жртви на семејно насилство

     

    деца без родители и родителска грижа

     

    бездомни лица

     

    поранешни корисници на дрога

     

    родители на деца на улица

     

    √ самохрани родители

     

     √ Роми

     

    осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

     

    √ невработени лица евидентирани во АВРМ  најмалку 1 година

     

    √ млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци

     

    √ родители на деца со пречки во развојот

     

    √ родители на 3 и повеќе деца

    Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

    1. Образовен ментор ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево
    2. Образовен ментор ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево
    3. Образовен ментор ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево
    4. Образовен ментор ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево
    5. Образовен ментор ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево
    6. Технички персонал – садомијач ССС Се грижи за подготовката на храна, транспорт и послужување на истата и одржувањето на хигиената во просториите за подготовка на храна во објектот на детската градинка во Пехчево
    7. Технички персонал – хигиеничар ССС Се грижи за одржувањето на хигиената во објектот на детската градинка во с.Црник и неговата непосредна околина
    8. Координатор за донации ССС Ја организира работата на прибирање и распределба на донациите
    9. Едукатор за описменување ССС Поддршка за пишување и читање на македонски јазик за немнозинските заедници во с.Црник
    10. Едукатор за описменување ССС Поддршка за пишување и читање на македонски јазик за немнозинските заедници во с.Црник
    11. Едукатор за описменување ССС Поддршка за пишување и читање на македонски јазик за немнозинските заедници во с.Црник
    12. Асистент за нега на стари лица во домашни услови ССС Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)
    13. Асистент за нега на стари лица во домашни услови ССС Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)
    14. Асистент за нега на стари лица во домашни услови ССС Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)
    15. Асистент за нега на стари лица во домашни услови ССС Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)

     

     

    Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Пехчево во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.

     

    Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пехчево и избраните кандидати.

     

    Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во:

     

    Општина Пехчево – Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“,

     

    Агенција за вработување Берово, Центар за вработување Пехчево – Љупчо Димитровски, Соработник за поддршка за вработување,

     

    Центар за социјална работа Берово, Канцеларија за материјални давања Пехчево – Даниела Станоевска, Дипл. Социјален работник

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...