7 C
Pehčevo

    Вклучи се во акција за чистење на Пехчево

    Датум:

    Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата ,, Ајде Македонија ‘‘ организираа национална акција ,, Македонија без отпад 2013 ‘‘, која ќе се одржи на 5 Октомври.

    Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата ,, Ајде Македонија ‘‘ организираа национална акција ,, Македонија без отпад 2013 ‘‘, која ќе се одржи на 5 Октомври.

    Целта на кампањата е да се развие свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.

    Општина Пехчево се вклучува во оваа национална акцијата за чистење ,, Македонија без отпад 2013 ‘‘. Чистењето ќе се спроведе на 5 Октомври од 8:30 до 12 часот, на локација кејот на реката Писа ( од мостот на центарот на градот по течението на реката Писа, до над Китански мост).

    Во акцијата ќе се вклучат Локалната самоуправа, јавните претпријатија Комуналец и Равен, локалните здруженија на граѓани, јавните претпријатија, ООУ,,Ванчо Китанов ‘‘ и др.

    Се покануваат сите граѓани на општина Пехчево да се приклучат на оваа национална акција за чистење ,, Македонија без отпад 2013 ‘‘.

    Со учеството во акцијата сите придонесуваме за намалување на отпадот и за создавање на поубава и почиста животна средина.

                            

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...