18.3 C
Pehčevo

    Комплет училишен прибор за учениците од прво одделение

    Датум:

    Комплет училишен прибор за учениците од прво одделение

    Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски распредели  комплети училишен прибор за учениците од прво одделение при ООУ ,, Ванчо Китанов ‘‘.

    Станува збор за 27 комплети училишен прибор  моливчиња, боички, тетратки, гумички и друг училишен прибор кои градоначалникот Поповски ги распредели на учениците од прво одделение во Пехчево и село Црник.

     Владата им обезбедува бесплатни комплети книги, на сите ученици па затоа се решивме да им купиме училишен прибор. Во зависност од потребите на децата таков е и приборот. На овој начин сакаме да им помогнеме во образованието и оваа наша активност е токму во таа насока и да израдуваме што повеќе дечиња бидејќи тие се нашето најголемо богатство, истакна градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.

    Во рамките на оваа активност градоначалникот ќе им додели училишен прибор на учениците во прво одделение и во другите селски населби во текот на наредната недела.

    Комплет училишен прибор за учениците од прво одделение

    Комплет училишен прибор за учениците од прво одделение

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...