4.4 C
Pehčevo

    Започна реконструкцијата на улицата во село Црник

    Датум:

    Со средства обезбедени со Министерството за транспорт и врски со Одлука за распределба на средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година за подршка на имплементација на декадата и Стратегијата на Ромите, преку Акциониот план за ромите во општина Пехчево, денес започна изградбата на улицата во село Црник од подрачното училиште Ванчо Китанов се до центарот на селото.

    улица изградба Црник

    Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски и Министерот без ресор Аксел Ахмедовски денес беа во посета на село Црник каде започнаа градежните работи за реконструкција на улицата во ова Пехчевско село.

    Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, истакна дека е задоволен што за кратко време и со поддршка од Општина Пехчево се завршија подготвителните работи за изградба на улицата која повеќе децении им создаваше проблеми на жителите.

    -По повеќе години, улицата која е оставена генерациски на милост и немилост, конечно ќе ја реконструираме. Со огромниот интерес на градоначалникот на Пехчево, ние дадовме приоритет на оваа улица и се решивме веднаш да се зафатиме со нејзина изградба и верувам на задоволство на сите мештани, рече Ахмедовски.

    улица изградба Црник1

    Градоначалникот Тренчовски изрази задоволство што она што се ветило пред жителите на ова село пред неколку месеци, сега станува реалност.

    -Во изминатиот период инвестиравме на повеќе начини, но по барање на мештаните денеска започнуваме со изградба на улица во село Црник. Ние сме задоволни затоа што овие граѓани кои живеат тука, но и тие што поминуваат отсега тоа ќе го прават по уредена улица. Вредноста на оваа улица е 2.320.040 милиони денари. Во моментов започна реконструкцијата на улицата и очекуваме за 10тина дена да биде готова. Улицата е во должина од 457 метри и е значајна улица за поголем дел од жителите на селото, доста фреквентна, а жителите ја бараа многу години и, еве конечно, најдовме решение со министерот, рече Тренчовски.

    Инаку, ќе се реконструира горниот слој од коловозната конструкција, со нов асфалтен слој од 5см, крпење на дупки и поставување на каналетки на дел од улицата за одвод на водата.

    Според  договорот со фирмата изведувач Жикол ДООЕЛ и согласно со динамичкиот план целокупниот проект треба да заврши за 40 дена, но според интензитет на одвивање на работите се очекува тоа да биде и многу порано од предвиденото.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...