7 C
Pehčevo

    Денес официјално отпочна со работа Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево

    Датум:

    Денес во с.Негрево, Пехчево официјално отпочна со работа Едукативниот центар за зачувување на природата, кој е поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој е координиран од Фармахем. По тој повод на настанот присуствуваа голем број претставници на национални и локални институции, меѓународни и национални организации, како и на партнерите на ПЗП. Пред присутните свое обраќање имаа амбасадорот на Швајцарија во Републија Македонија Н.Е. Сибил Сутер Техада, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов, претседателот на Советот на Источен плански регион Николчо Илијев, како и градончалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски.

    Едукативен2

    Основната цел на едукативниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во Брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси. Со реконструкцијата на старата училишна зграда во с.Негрево, внатрешниот и надорешниот дел се адаптирани за потребите на современ и интерактивен едукативен процес, каде на несекојдневен и оригинален начин на посетителите ќе им се доближи значењето на природата и ќе се презентира разновидноста на брегалничкиот слив.

    Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево во следниот период ќе биде корисен ресурс за основните и средните училишта, за спроведување на еднодневни екскурзии, како и за конференции, предавања и научни собири што се однесуваат на природата, нејзиното зачувување и подобрување на односот на човекот кон природата. Покрај овие активности Едукативниот центар ќе реализира уште многу други се со цел да ја збогати својата понуда и да ги промовира природните убавини на Брегалничкиот регион.

    Едукативен

    Отворањето на Едукативниот центар за зачувување на природата е од големо значење не само за Пехчево, туку и за поширокиот регион, бидејќи ќе даде придонес за одржлив развој и интегрирано управување со природните ресурси, но исто така ќе има и економски придобувки за локалната самоуправа и населението, преку промоција на локалните специјалитети, сувенири, како и други дополнителни активности кои се поврзани со вклучувањето на Едукативниот центар како една од туристичките атракции во интегрираната туристичка понуда на регионот.

    Едукативен1

    Програмата за зачувување на природата во Македонија е креирана со цел да и помогне на Република Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување. Активностите се реализираат на три нивоа: национално, регионално и локално. Во реализација на програмата се применуваат холистички, партиципативен и системски пристап и има за цел да создаде поврзаност меѓу зачувувањето на природата и одржливиот развој.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...