0.1 C
Pehčevo

    Уште два дена до истекот на рокот за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање за продажба на градежните парцели на Туристичката населба Равна река

    Датум:

    Општина Пехчево објави оглас за продажба на 27 плацеви за изградба на објекти од кои 26 се на туристичкиот локалитет Равна Река за изградба на викенд куќи и еден хотел, а еден плац е за изградба на куќа во градот Пехчево.

    Равна река

    Остануваат уште два работни дена (односно до 1.11.2016 година) до истекот на рокот за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање за продажба на градежните парцели на Туристичката населба Равна река. Право на учество имаат сите заинтересираните физички и правни лица да поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на www.gradezno,zemjiste.mk), во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази:

    1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата;

    2. Доказ за платен депозит во оригинал (да се наведе број на оглас и број на градежна парцела во цел на дознака);

    3. За физичките лица уверение за државјанство;

    4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;

    5. e,mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницат а на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е,маил адреса, Општина Пехчево нема обврска да прима и врши корекции на истата)

    6.Фотокопија од лична трансакциона сметка

    Јавното наддавање е најавено за 7 ноември, а право на учество имаат сите физички и правни лица. Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели изнесува 148,00 денари од метар квадратен. Досега на овој туристички локалитет, Општина Пехчево има продадено 20- тина плацеви на два огласи од општината.
    Интересот за изградба на викенд куќи во оваа туристичка населба е голем, посебно сега откако населбата е елкетрифицирана. Овде и досега имаше 30-ина изградени индивидуални викенд куќи, кои се во сопственост и на жители од Пехчево, од Штип од Скопје, односно од цела Македонија.

    Инаку, според ДУП на Равна Река, во населбата се предвидени околу 350 градежни парцели за индивидуални вкенд куќи, хотли и ресторани.

    Целиот ОГЛАС може да го превземете тука пдф

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...

    Обврски за зимскиот период

    Соопштение до јавноста Обврски за зимскиот период         Почитувани...