-1.9 C
Pehčevo

    Соопштение до граѓаните: Холандски тур оператори заинтересирани за изградба на туристичка населба во Пехчево

    Датум:

    Пехчево дрон
    Холандски тур оператори заинтересирани да купуваат стари и напуштени куќи во Пехчево со цел да изградат туристичка населба каде ќе престојуваат холандските туристи. Ова денеска на прес-конференција го истакна градоначалникот на Пехчево Игор Поповски кој додаде дека во оваа општина има доста куќи во кој никој не живее.
    -Во преговори со многу тур-оператори, наидовме на една агенција од Холандија која е заинтересирана да ги откупи скоро сите куќи во Пехчево кои се напуштени и каде не се живее. Ние сакаме да ги информираме граѓаните за оваа намера на холандскиот тур оператор да размислат дали ќе ги продадат тие куќи на оваа агенција. Намерата на агенцијата е овие куќи да се реновираат и подготват за нивните холандски туристи кои ќе сакаат да престојуваат во Малешевијата, рече Поповски.
    Тој додаде дека за таа цел општината веќе изработува регистер на куќите во Пехчево кои се слободни за продажба, но следниот чекор е општината да направи и категоризација на туристичките капацитети во Пехчево.
    -Ние ги повикуваме граѓаните кои се заинтересирани да се занимаваат со туризам или планираат да направат туристички капацитети, или оние кои веќе имаат такви капацитети, да се јават во општината за да направиме една евиденција за тоа со колку вакви капацитети располага Пехчево, а во идно време во соработка со Министерството за економија да направиме и соодветна категоризација на овие објекти, рече Поповски.
    Поповски истакна и дека со последните воведени содржини во Пехчево кои го зголемуваат квалитетот на туристичката понуда, како што е изградбата на инфраструктурата, на аденалинската патека, локалитетот Езерце, заедно со природните раритети на туристичката населба Равна Река, и интересот на холандските тур -оператори за Пехчево, дава надеж дека оваа мала малешевска општина е на вистинскиот пат- Пехчево да прерасне во атрактивна туристичка дестинација, а туризмот да биде основен двигател на локалната економија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...