15.4 C
Pehčevo

    Првата zip-линија лоцирана во Пехчево, за сите авантуристи и рекреативци

    Датум:

    Зип-линијаАвантуристичкиот парк во Пехчево засекогаш ќе ја промени идејата за тоа како треба да се помине и доживее една планинска авантура во Македонија. Овој ново изграден парк е место кое содржи широк спектар авантуристички елементи, а една од нив е првата zip-линија во републиката, со должина од 240 метри  и  адреналинската патека со должина од 360м.

    Zip-линијата се состои од две платформи поврзани меѓусебе со челична, поцинкована сајла. Линијата е дизајнирана да им овозможи на корисниците слободно движење со помош на гравитација, по разни препреки од врвот до дното, притоа употребувајќи сигурносни појаси. Zip-линиите доаѓаат во многу форми, а најчесто се користат како средство за забава и спаѓаат во категоријата адреналински/екстремни спортови. Во историјата zip-линиите се користеле како средство за пристап до оддалечените области, како што се дождовните шуми и џунглите на Костарика и Никарагва.

    Зип-линија

    Во Пехчево, zip-линијата и адреналинската патека преставуваат структура од јажиња и сајли кои висат од едниот до другиот крај на патеката од високите дрва во густата шума, а се прицврстени за помошни објекти, па дури и за карпите или издигнувањата во релјефот. Како препреки во конструкцијата на zip-линијата се поставени цик-цак скали, буриња, колци и трупчиња, столбови, лулашки и греди, симулирани автомобилски гуми, мрежи, мостови. Во паркот на располагање има инструктори кои овозможуваат обука и помош при надминување на препреките и безбедно спуштање на земја за сите посетители.

    Зип-линијаЗа сите љубители на авантуризмот, zip-линијата нуди забавен адреналински предизвик преку возбудливото едрење низ планинскиот воздух, меѓу високите стебла на неверојатната борова шума и над малото барово езерце под линијата. Сето тоа на висина од 4 до 6 метри од тлото за сосема ново и неверојатно искуство.

    Паркот е инвестиција на општина Пехчево, а zip-линијата е под покровителство на Хотел Гогов, новоотворениот хотел во градот којшто нуди одмор и релаксација за сите туристи кои сакаат да го искусат планинскиот туризам и да бидат дел од оваа адреналинска авантура.

    Покрај авантуристичката понуда и исклучително чистиот воздух, посетата во Пехчево и Малешевските планини ќе ви овозможи и дополнително да дознаете нешто повеќе за локалниот еко систем на растенија и диви животни, како и за локалната историја и многу други интересни факти за малешевската област и регион.

    Зип-линија

    Зип-линија

    Зип-линија

    Зип-линија

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...