1 C
Pehčevo

    Јавен Оглас – За директор на ЈПУД ,, Равен ’’ – Пехчево

    Датум:

    logo

    Врз основа на член 22 став 1 точка 1 и став 3 од Законот за работни односи (Сл. весник на РМ бр. 62/05) член 50 став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа (Сл. весник на РМ бр. 05/02) и член 50 став 8 од Статутот на општина Пехчево (Сл. гласник бр. 04/09) Градоначалникот на општина Пехчево го распиша следниот: 

    О Г Л А С

    За избор на директор на ЈПУД

    ,,РАВЕН” – Пехчево

     

    ЈПУД ,,РАВЕН” – Пехчево има потреба од директор 1(еден) извршител. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

            Да бидат државјани на РМ

            Да не бидат осудувани и да не е покренато обвинение против нив

            Да имаат завршено Високо образование

            Да имаат најмалку 3 години работно искуство

     Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:

            Пријава;

            Лична биографија (ЦВ) и мотивациско писмо

            Копија од уверение за завршено образование;

            Уверение за државјанство;

            Уверение за неосудуваност;

    Кандидатите своите пријави треба да ги достават лично или по пошта на адреса Општина Пехчево – Градоначалник бул. Борис Кидрич бр. 8  Пехчево. Огласот трае 5 работни дена не сметајќи го денот на објавувањето.

    Општина Пехчево

    Градоначалник

    Игор Поповски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...