11.5 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ОГЛАС – За директор на Јавната установа за деца – Детска градинка ,, 7 Септември ’’ – Пехчево

    Датум:

     logo градинка

    Врз  основа  на  Законот  за  заштита  на  децата ( Сл.весник на РМ  бр.98/2000,17/2003,65/2004 и 113/2005,107/08, 83/09 ) член  26  став  1  алинеја 5, член 36 став 2 од Статутот на  Јавната  установа  за  деца – Детаска  градинка  ,, 7 Септември,, – Пехчево, Управниот  одбор  распишува:

     

    Ј А В Е Н   О Г Л А С

    За  избор  на  директор  на  Јавната  установа  за  деца    Детска  градинка,, 7 Септември,,    Пехчево

     

              За  директор  може  да  биде  избрано  лице  кое  покрај  општите  услови  утврдени  со  Закон  ги  исполнува  и  условите  утврдени  во  членот  90  од  Законот  за  заштита  на  децата  ( Сл.весник на РМ бр. 98/00, 65/04, 113/05,  107/08, 83/09, )

              да  е  државјанин  на  Република  Македонија;

              да  го  познава  македонскиот  јазик  и  кириличното  писмо;

         да  не  му  е  изречена  мерка  на  безбедност  забрана  за  вршење  професија,  дејност  или  должност;

          да  има  завршено  високо  образование  и  ги  исполнува  условите  утврдени  во  член  84  од  овој  закон  за  воспитувач,  за  стручен  работник,  за  стручен  соработник,  ,  со  високо  образование  и  над  четири  години  работно  искуство  по  дипломирањето.

    Кандидатот за директор на Јавната установа за деца задолжително доставува и програма за работа на јавната установа.

              Именувањето на директор  се врши  за  време  од  4  години.

             Јавниот  оглас трае  8 (осум)  работни  дена од денот на објавувањето.

               Пријавите со потребните документи (заверена диплома, уверение за државјанство, потврда за работно искуство и уверенија од надлежен суд, мотивационо писмо, и лична биографија (CV) да се достават во: ОЈУДГ ,, 7 Септември,, – Пехчево,  Ул.,, Даме  Груев,,  бб  Со  назнака  за  ,, јавен  оглас,,

               Некомплетните  и ненавремено доставените  документи  нема  да  се  разгледуваат.

               Дел. Бр. 02-322/1

               Од  28.10.2013 г.

    Управен  одбор  на

    ОЈУДГ  ,, 7 Септември ’’    Пехчево

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...