Општина Пехчево беше посетена од висока делегација на претставници на донаторската заедница, односно беше остварена работна средба со Зам. Амбасадоорто на Швајцарија Н. Е. Стефан Томаџан и претставници од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) од Програмата Општинско-корисна работа. На средбата стана збор за имплементацијата на Програмата Општинско-корисна работа 2019 – 2020 год.во општина Пехчево која ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, односно за практичната имплементација на проектот на општина Пехчево ,,ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за Инклузивна општина Пехчево за вклучување на Роми и др. ранливи групи.
Проектот на општината се состои од две компоненти:
– помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Пехчево, с.Црник, с.Умлена и с.Чифлик и
– спроведување на мерки за анти-дискриминација и сегрегација на немнозинските заедници (Роми) во Пехчево и с.Црник.
Општина Пехчево е лидер во Програмата ОКР на УНДП по бројот на вклучени лица – Роми и/или др. ранливи групи и во проектот се вклучени вкупно 15 невработени лица, корисници на Гарантиран минимален приход и лица во социјален ризик од кои 11 Роми во Пехчево и с.Црник, и 4 лица во Пехчево, с.Чифлик и с.Умлена.
Проектот се имплементира во времетраење од 6 (шест) месеци и ќе се спроведува заклучно со месец Февруари 2020 год.
На работниот состанок стана збор за активностите кои општина Пехчево ги превзема во сферата на социјалната заштита на локално ниво како и за проектите кои се наменети за подобра интеграција и инклузија на ромското население во општина Пехчево и беа посетени крајни корисници-стари и изнемоштени лица во Пехчево и с.Црник.Истотака во с.Црник, Зам. Амбасадорот го посети подрачното училиште на ООУ ,,Ванчи Китанов,, во с.Црник каде оствари средба со дел од наставниот персонал во училиштето и со новоформираниот Локален лидерски совет на с.Црник.
Општина Пехчево го потенцираше своето задоволство и позитивни резултати од соработката со Швајцарската амбасада и Швајцарската агенција за развој и соработка и ја искажа својата спремност за понатамошна соработка во идни проекти.