-1.1 C
Pehčevo

    Привршуваат градежните работи за реконструкцијата на внатрешноста на училиштето во село Црник

    Датум:

    Реконструкција школо Црник1

    Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, заедно со директорката на ООУ.„Ванчо Китанов“ Добрилка Јовевска, денес го посетија подрачното училиште во село Црник каде привршуваат активностите за реконструкција на внатрешноста на училиштето.

    Од буџетот на општинското основно училиште Ванчо Китанов  и општина Пехчево се средува вантрешноста на школото, поточно се врши реконструкција и санација на ѕидовите и плафоните на пет училници, реконструкција на ходникот во училиштето, поставување на ламинат на ѕидовите, нова пинг понг табла за учениците, поставување на нови табли и набавени се училишни реквизити за потребите на учениците во наставата.

    Реконструкција школо Црник

    Градоначалникот Тренчовски вели дека со години немало рекоснтруктивни зафати во школото, за средување на внатрешниот простор што ќе придонесе за следење на наставата во многу подобри услови во ова училиште.

    – Денес сме тука, да извршиме увид во активностите кои веќе привршуваат за реновирање на подрачното основно училиште во село Црник. Со оваа реконструкција се реновирани училниците, а привршува и санацијата на ѕидовите, плафоните и ходникот во училиштето, изјави Тренчовски.

    Приоритет на општината и на директорката Јовевска останува инвестирањето во образованието.

    -Ние ќе продолжиме и понатаму да инвестираме не само во ова училиште туку и во сите останати училишта во општината, за подобрување на условите за настава на учениците и на наставниот кадар, додава Тренчовски.

    Реконструкција школо Црник3

    Директорката Добрилка Јовевска истакнува дека со изведувањето на овие градежни активности, чие финансирање е обезбедено од буџетот на училиштето во соработка со локалната самоуправа, во вредност од 717  459 денари, дојде до подобрување на техничко-просторните услови во кои настава следат шеесетина ученици од селото, напоменувајќи дека до крајот на идната недела се очекува комплетно да биде завршена реконструкција на училиштето.

    Реконструкција школо Црник2

    Инаку, дворот на училиштето наскоро ќе биде уредено хортикултурно со поставување на клупи, канделабри и други пропратни содржини со средства обезбедени од подршка на имплементација на декадата и Стратегијата на Ромите, преку Акциониот план за ромите во општина Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...