8.7 C
Pehčevo

    Отчет – Две години градоначалник на општина Пехчево Драган Тренчовски

    Датум:

    Драги сограѓани и сограѓанки,

    Локалните избори се демократска придобивка на граѓаните кои одлучуваат со својот глас за својата иднина и иднината на местото во која живеат. Реалниот живот исполнет со секојдневието и проблемите со кои се соочува секој човек се решаваат во нивната општина. За тоа е потребно првиот човек на општината,Градоначалникот да биде човек од народот,кој ги разбира проблемите на своите сограѓани и кој знае да помогне. Јас ви ветив дека должноста како Градоначалник ќе ја извршувам чесно,одговорно,со голема љубов и посветеност. Градоначалник за сите,кој ќе се раководи од потребите,барањата и проблемите,а не од лични и политички интереси.Нема да правам никакви поделби,нити по етничка,верска или партиска определба,ниту пак според социјалната,половата или старосната припадност.

    Почитувани сограѓани,

    Затекнав доста непосакувана состојба во општината,блокирана општинска сметка,огромен долг од 57.000.000 денари како основен долг и камата од над 30.000.000 денари. Со средства обезбедени од Владата на РСМ успеавме да раздолжиме 32.000.000 денари, а поради добрите преговори успеавме над 20.000.000 денари да отпишеме камати.

    Драги сограѓани,

    Сега е мотив повеќе ние како нови генерации да се избориме за нови работни места, за економски просперитет,да се избориме младите да останат и да работат дома.

    Минатото не води до сегашноста, а сегашноста е влог во нашата иднина.

    Со почит,

    Градоначалник на општина Пехчево

    Драган Тренчовски

    Слика за весник1

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...