Ансамблот кој ги промовира староградските македонски песни и серенади Здружение на граѓани „Градски хор Штип“ на 15 јуни (петок) во 20 часот ќе одржи целовечерен концерт на сцената во Домот на културата „Јане Сандански“- Пехчево.
На репертоарот на ансамблот се ставени нумери кои ја одразуваат богатата традиција на македонската музика.
Здружение на граѓани „Градски хор Штип“ е основано на 01.04.2009г. со цел зачувување од заборав и промовирање на староградските песни и серенади. Во овој аматерски мешовит ансамбл членуваат ентузијасти од различни професии.
Инаку, Градски хор Штип има учествувано на повеќе фестивали и овојувано повеќе награди и признанија како: Grand-Prix на X фестивал „Пеј срце“ – Ќустендил, Р. Бугарија, Прва награда во категорија мешани хорови на XI фестивал на шлагери и староградски песни „Пеј срце“ – Ќустендил, Р. Бугарија, Прва награда на републичкиот фестивал „Илинденски денови“ –Битола, Прва награда во категорија мешани ансамбли на XXII фолклорен фестивал – Костандово, Р. Бугарија, Фестивал на староградски песни и серенади „Осоговска староградска вечер“ во Крива Паланка, Прва награда во категорија машки вокални групи на XI фестивал на шлагери и староградски песни „Пеј срце“ – Ќустендил, Р. Бугарија, Оснивач, организатор и учесник на I Интернационален фестивал на пејачки групи „Астибо-фест“, Штип и многу други.
Организацијата на целовечерниот концерт е на општина Пехчево и хотел „Гогов“.
Го очекуваме вашето присуство.
Влезот е слободен.