10.2 C
Pehčevo

    Известување – Водата пред употреба да се проврие и да се сталожи одреден период

    Датум:

    ЈКП ,,Комуналец” Пехчево, ги известува граѓаните на Општина Пехчево, корисници на водата за пиење од Пехчево,Негрево,Робово,Умлена и Чифлик, дека поради поројните и обилни дождови кои во подолг временски паѓаат во целиот регион, па и во нашата општина, во одредени периоди доѓа до заматување на водата за пиење во водоснабдителните системи. Водата хемиски и биолошки е исправна, но е заматена од талог и други примеси кои не се опасни по здравјетто, но изгледот е непријатен. После екстремно поројни дождови, кои паѓаат долг период, препорачуваме водата пред употреба да се проврие и да се сталожи одреден период.
    Во правец на трајно решавање на овој проблем, од страна на ЈКП,,Комуналец” Пехчево и Општина Пехчево ги презедоа следните активности:
    – Во тек е опремување на комплетна лабараторија за испитување и третирање на водата, во правец на подобрување на нејзиниот квалитет, и
    – Општина Пехчево, аплицира до овластени институции со проект за изработка на таложници, со кои треба трајно да го решиме овој проблем.
    Со горе преземените активности, сметаме дека овој проблем трајно ќе биде надминат и решен.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...