11.5 C
Pehčevo

    Маски,смеа и шеги на априлијадата во Пехчево

    Датум:

    Во организација на детската градинка ,, 7 Септември ’’ , најмладите ученици, со најразлични активности, го одбележаа денот на шегата во Пехчево.

    Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци денес беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание.
    Плоштадот беше претесен да ги собере сите заедно, дечињата, нивните баби, дедовци, мајки, татковци. Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци денес беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание.
    На плоштадот во Пехчево се пееше, се свиреше, а најмногу од се се слушаше детската смеа. Експлозија од бои и костими, најмладите покажаа дека детската фантазија не познава граници. Идеи поттикнати од ликовите од цртаните филмови и омилените бајки, буквално можеше да се види се и сешто. Најразлични маски ги криеја лицата на веселите деца кои маскирани во своите омилени ликови од приказните и цртаните ја развеселија и воодушевија публиката.
    Беше видлива и среќата на лицата на секој родител, сите подеднакво среќни и возбудени, благодарение на детските ведри насмеани лица.

    Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци денес беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание.
    Пред дечињата и присутните на плоштадот во Пехчево се обрати градоначалникот Игор Поповски.
    – Сакам да ги поздравам најмладите и најмалите коишто се собрани овде со нас да не насмеат и развеселат. Мотивот на маската е поттик, ученикот да размислува на убавите работи кои го опкружуваат и како истите да ги подобрува, или оплеменува. Гледам многу маскирани дечиња и така и треба, зошто на 1-ви април, треба да проработи креативноста и сите ние да се препуштиме на музиката, забавата и смеата. На вработените во детската градинка ,, 7 Септември ’’ им посакувам многу успех и уште многу вакви настани, истакна градоначалникот Поповски.
    Традиционално, секоја година денот на шегата 1-ви Април Општина Пехчево го обележува заедно со најмладите граѓани.

    Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци денес беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание.
    Денес во духот на радоста и шегата во посета на локалната самоуправа и градоначалникот Поповски беа дечињата од второ одделение при ООУ ,, Ванчо Китанов “. Со песни, игри и многу шеги му го насмејаа лицето на градоначалникот.
    Градоначалникот им се заблагодари на дечињата и учителката што не ја пропуштаат можноста да ја посетат општината во секоја прилика и им порача на дечињата да размислуваат само на убави работи, постојано да се весели и насмејани.

    Кликнете на било која слика и уживајте во галеријата.

    Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци денес беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание.   Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци денес беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание.   Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци денес беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...