7 C
Pehčevo

    Одржан информативен состанок за Проектот,,Промовирање на одржливи вработувања IV“

    Датум:

    Информативен состанок - Општинско корисна работа2

    Вчера во Салата за состаноци при општина Пехчево, се одржа информативен состанок со претстваници од општина Пехчево, претставници од МТСП-Меѓуопштински центар за социјални работи Берово и АВРМ-Биро за вработување Берово, по повод предстојните активности за подготовка на апликација за најновиот Повик за учество во програмата Општинско-корисна работа за 2015 година.

    Вчера во Салата за состаноци при општина Пехчево, се одржа информативен состанок со претстваници од општина Пехчево, претставници од МТСП-Меѓуопштински центар за социјални работи Берово и АВРМ-Биро за вработување Берово, по повод предстојните активности за подготовка на апликација за најновиот Повик за учество во програмата Општинско-корисна работа за 2015 година.

    На информативниот состанок присутните имаа можност да се информираат за Програмата Општинско-корисна работа за 2015 година, односно за можностите кои таа ги нуди во поглед на заеднички активности за подготовка на реален, соодветен проект кој ќе има најголем ефект во заедницата во поглед на потребите на ранливите категории на граѓани, капацитетите на невработените лица и трендовите на локалниот пазар на труд.
    Проектот “Промовирање на одржливи вработувања IV и поддршка на Владата во спроведувањето на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015”, е финансиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) и ќе се реализира текот на 2015 година.
    Програмата Општинско-корисна работа е неменета да обезбеди социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време за невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазарот на труд.
    Со оваа програма се планира да бидат опфатени невработени лица – активни баратели на работа од територијата на општина Пехчево кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд преку нивно ангажирање за спроведување на активности на локално ниво.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...