8.1 C
Pehčevo

    Видеоигра во живо на адреналинската патека во Пехчево

    Датум:

    Пехчево доби нова адреналинска патека во блиската шума кај пехчевското Езерце, која е со вкупна должина од 600 метри, со што се запиша како прва општина во земјава која има изградено авантуристички парк.

    На денешната промоција на проектот Никола Каракашев од ЛЕР од општина Пехчево, истакна дека овој парк е замислен да биде фамилијарен и ќе може да донесе забава за целото семејство.

    – За да стигнеш од една дестинација до друга, треба да поминеш патека долга од 600 метри, но висока од 4 до 6 метри, со мноу препреки, мрежи, јажиња, сајли кои го подигаат адреналинот, но и ја покажуваат физичката способност и издржливост. Во нашиов случај направени се препреки од јажиња и сајли, како и од дрво, кои висат или се закачени на дрвата, направени се и платформи, луѓето овде се качуваат, јазат или висат и поминуваат најразлични пречки, рече Каракашов.

    Тој додаде дека авантуристичкиот парк е направен во два дела.

    – Едниот е зип-линија, каде во моментов  се врши обука за „прелетување“ на езерцето, другиот дел е адреналинска патека која е составена од 36 рампи, кои можат да ги поминат сите возрасни групи, но 12 рампи се направени само за деца. Патеката е долга 600 метри, а 40 метри е зип-линијата. Останува уште да се направат информативните табли, рече Каракашов.

    За да се помине безбедно оваа патека и да се „прелета“ преку езерцето, одговорни ќе бидат  9 инструктори. Билјана Андонова, која се обучува за инструктор за деца, истакна дека задолжителна е заштитната опрема и доколку се почитуваат правилата, нема опасност, ниту место за страв и несигурност.

    – Безбедно е ако се носи опрема и, секако, да не се обидуваат луѓето сами на своја рака да се спуштаат по патеката. Ние сме тука да им помогнеме и да им кажеме што треба да направат, рече Андонова.

    Сличен совет даде и Алексеј Крушовски, кој исто така, ќе биде инструктор во авантуристичкиот парк.

    – Задолжително е носење на заштитната опрема, како кациги, врзани за јажиња и сајли. Инаку, потребна е и физичка подготвеност за потешкиот дел, додека на зип-линијата важно е да се нема страв, рече Крушовски.

    Општината на изградбата на адреналинската патека работела 5 месеци, а изградбата е финансирана, освен со средства од буџетот на општината  и со поддршка од фирмата КИТ-ГО и чини околу 10 илјади евра. Градоначалникот Игор Поповски потенцираше дека идејата за изградба на авантуристички парк ја добил од пријател од Финска.

    – Идејата ја добив од еден пријател од Финска, бидејќи имаме одлична локација за ваков авантуристички парк кој е веднаш над самиот град и до Езерцето. Потоа малку истражувавме по Интернет и видовме дека таков сличен парк има во Бугарија. Стапивме во контакт со луѓето и најдовме разбирање, така што тие многу ни помогнаа во реализацијата на оваа идеја. Тука многу ни помогна и фирмата Кит-Го со хотелот Гогов, кои ја препознаа добрата идеја и од каде финансираа половина од средствата за изградба на паркот, рече Поповски.

    Адреналинската патека и пехчевското езерце се дел од  новата туристичка понуда на Пехчево, кои чинат близу 2 милиони денари, а се изградени со помош на донации, но и средства од општината. Во предвечерието на фестивалот на трубите, оваа  патека ќе биде ставена во функција на гостите кои ги движи адреналинот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...