8.1 C
Pehčevo

    Илјадници гости на првата фестивалска вечер во Пехчево

    Датум:

    Фестивал 2016

    Со традиционално дефиле на мажоретките, ревијален настап на дувачки оркестри од Бугарија и Србија, со концерт на Миле Кузмановски, Dj Marga Sol, Dj Mats, Dj Doomloaf синоќа започна Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2016 што го проследија илјадници гости од земјава и од странство.

    Фестивал 2016

    Градоначалникот на Пехчево Игор Поповски, кој го отвори фестивалот истакна дека е задоволен што Пехчево успеа и оваа година да го организира фестивалот со кој се продолжи малешевската традицијата на дувачките оркестри.

    -Фестивалот за кој мислам дека сме најмногу подготвен, дигнитетот на фестивалот оваа година очекуваме да биде многу поголем, имаме многу познати имиња од естрадата. Овој фестивал го оргнаизираме на Павловден, бидјеќи ние со векови го прославуваме како празник на градот. Фестивалот и традицијата на трубите ја пакуваме како туристичка понуда , а туризмот ни е економски двигател на овој регион, рече Поповски.

    Фестивал 2016

    Поповски додаде дека интересот за настап на групи од соседството е голем.

    – Имавме голем интерес од дувачки оркестри од Србија, Бугарија, се јавуваа и од Албанија и Грција. Тоа сето ни дава за право да рзамислиме за воведување измени во досегашната структура и да воведеме меѓународна натпреварувачка вечер на кој ќе ја одмерат виртузоноста, трубачите од целиот Балкан, рече Поповски.

    Фестивал 2016

    Годинава за златната труба на Пехчево се натпреваруваат шест дувачки оркестри од земјава. Музиката од дувачките оркестри и концертите на балканските ѕвезди Рајна и Саша Ковачевиќ најавени за петок и сабота се очекува да ја донесат кулминацијата на фестивалските денови.

    Фестивал 2016

    Фестивалот е подржан од спонзори и од Министерството за култура.

    Инаку, во рамки на фестивалот в сабота се организира и планинарски марш „Буковик 2016“ со маршута од Пехчево-Буковиќ- Врв Кадиица, а ќе се посети и локалитетот на раритетното растение, DROSERA ROTUNDIFOLIA, односно инсектојадното растение.  На овој марш најавено е учество на 150 планинари од Македонија, Србија и Бугарија.

    Агенда за втората фестивалска вечер:

    14.07.2016 г.

    19:30 – Општинска установа детска градинка „7 Септември“ – Пехчево

    • Бранкица Јовевска – „Македонска песна“
    • Матеј Стаменковски – „По друм одам мајче“, „Сношти сакав да ти дојдам“
    • Димитар Карбински – „Билјана платно белеше“, „Јовано Јованке“
    • Величка Живановска – „Во Струмица на улица“, „Мајка на Марика думаше“
    • Филип Крамарски – „Усни на усни“, „Громови на душа“
    • Живка Живановска – „Долга ноќ“
    • Дует Филип Крамарски и Живка Живановска – „Љубов“
    • Маја Пандова – „La valse d, Amelie
    • Маја Пандова – „Соба за тага“
    • Дует Евгенија и Маја Пандова – „Drag me doen – one direction
    • Маја Пандова – Bruno mars – When I was your man
    • Дует Маринела Секуловска и Мартин поповски – Fraje – Ich libe dich

    20:30 – Дувачки оркестар Златне усте од Америка                   

    21:00 Натпреварувачки дел

    23:00 –  Силви Бенд – концерт

    01:00  –  Dj TiSi

    01:30 –  Dj Marek – Република Бугарија

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...