8.7 C
Pehčevo

    Преку проектот ,, Купи куќа, купи стан “ во Пехчево ќе се гради типска населба

    Датум:

    tipskanaselbapehcevo

    Tипска населба согласно владиниот проект „Купи куќа купи стан“ ќе се гради во Пехчево.

    Општината планира да подготви 100 плацови, а во моментов се разгледуваат три локации кои се со површина од пет хектари.

    Откако ќе одлучиме каде ќе ја градиме населбата, ќе изработиме ДУП и со поддршка на Владата ќе ја изградиме комплетната инфраструктура, истакна градоначалникот Игор Поповски.

    Според него, огласот за плацовите ќе оди јавно и ќе можат и други заинтересирани граѓани да купат, но младите што ќе одлучат овде да градат куќа ќе ги користат бенефициите што ги дава проектот.

    -Тоа е уште една причина да ги задржиме младите во родното место, рече Поповски.

    Целта на проектот е младите парови да добијат евтина локација и ниски комуналии. Цената на комуналиите за овие населби е две евра/квадрат, а почетната цена за земјиштето едно евро.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Конститутивна седница на Советот на општина Пехчево

    Денес во општина Пехчево се одржа конститутивната седница на...

    ADRISKY

     Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY Општина...

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската...

    Дневен ред за 38-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...