15.4 C
Pehčevo

    Хуманитарна помош за пехчевските социјалци испрати Саудиска Арабија

    Датум:

    Хуманитарна помошХуманитарна помош од Саудиска Арабија денеска стигна во Пехчево. Пакети со храна и ќебиња денеска беа доделени на 110 социјалци од Пехчево и с. Црник:
    „Опфатени се Делчево и Пехчево и пакетите се состојат од ќебиња и прехранбени производи“ , вели Јаја Оџов, Турк Баир.
    „Општина Пехчево преку Турк Баир и додели 50 пакети на граѓани кои се социјално загрозени“, изјави Игор Поповски, градоначланик на Пехчево.

    Хуманитарна помош2За социјално загрозените лица оваа помош е добредојдена:
    „Оваа помош многу ни значи, бидејќи јас сум мајка на три деца со болен сопруг и ова ни е добредојдено“ , рече жена социјално загрозена.

    Хуманитарна помош1Сепак,овие лица бараат трајно решавање на проблемот и вработување:
    „Дојдоа денес да ни дадат брашно, но тоа ќе ни биде доволно за три недели, а што ќе правиме потоа и ние треба да работиме“ , рекоа социјално загрозени граѓани.
    Инаку, вакви пакети со храна и ќе добијат и 155 социјално загрзоените од Берово и Делчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...