-5.6 C
Pehčevo

    Извстување за граѓаните – Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина

    Датум:

    Карта на Источен плански регион

    Ги известуваме сите заинтересирани жители на Источно плански регион и општините вклучени во него (Пехчево, Делчево, Пробиштип, Кочани, Штип, Карбинци, Берово, Чишиново Облешево, Македонска Каменица, Виница, Зрновци) дека во рамките на проектот:

    Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина за источниот и североисточниот регион“ (EuropeAid/130400/D/SER/MK), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за предпристапна помош (ИПА), подготвен е Нацрт Регионален План за управување со отпадот за Источниот плански регион.

    *Кратка верзија од Нацрт-Регионалниот план за управување со отпад за Источно плански регион

    *Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина од реализација на Регионалниот план за управување со отпад за Источно плански регион

    При тоа Ве покануваме да ги доставите Вашите сугестии и мислења по објавените документи, во рок од 30 дена, од денот на објавувањето. Мислењата и сугестиите, кои ќе бидат аргументирани, ќе бидат земени во обзир при подготовката на финалните верзии на наведените документи.

    Заинтересираните жители, ќе можат да ги разгледаат и печатените верзии од документите во канцеларијата на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпадот во ИПР со седиште во Општина Пробиштип и во општинските канцеларии за ЛЕР во секоја општина поединечно.

    Вашите мислења и сугестии, доставувајте ги на следната mail адреса: mihajlova@probistip.gov.mk или по пат на пишана достава, до канцеларијата на Регионалниот одбор за управување со отпадот во Источно плански регион ул. ,, Јаким Стојковски бр.1 2210 Пробиштип и општинските инспектори/овластени лица за животна средина.

    Дополнително ќе биде објавена информација за местото и часот на одржување јавна расправа за Извештајот за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина од спроведување на Регионалниот План за управување со отпадот во Источно плански регион.

    Со почит,

    Меѓуопштински одбор за управување со отпад во Источен плански регион

    Претседател,

    Тони Тоневски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...