-2 C
Pehčevo

    Оглас – за продажба на движна ствар со јавно наддавање

    Датум:

    Врз основва на член 31 став 1 од од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (,,Службен весник на РМ,, бр.8/05,150/07 и 166/12), Член 11 од Правилникот за условите начинот и постапката за користење и располагање со стварите од општина Пехчево давање и примање на подароци и евиденција на недвижните ставри во сопственост на општина Пехчево (,,Службен гласник на општина Пехчево,, бр.03/13) и Одлуката за продажба на движна ствар –службено возило марка БМВ на Советот на општина Пехчево бр.07-776/1 од 15.05.2014 (,,Службен гласник на општина Пехчево,, бр.02/14), Комисијата за определување на условите, начинот и спроведување на постапката за користење на располагање со стварите во сопственост на општина Пехчево објавува:

    О г л а с

    за продажба на движна ствар со јавно наддавање

    1. Се продава возило Марка БМВ 323 I,сила на мотор 125 КW, со шасија број WBABM310XOJK67586, година на производство 2000, поминати километри  376 000

    2. Како почетна цена на за продажба на возилото што е предмет на јавно наддавање се определува 207,094.00 денари

    3. На јавното наддавање може да учествуваат лица кои уплатиле паричен депозит од 1/10(една десетина) од утврдената вредност на возилото.

    4. Уплатата на паричните средства на име депозит за учество  се врши на жиро сметка на општина Пехчево со бр.100-0000000630-95, уплатна сметка 840-154-06548, приходно конто 731117 прорама 00, најдоцна еден ден пред продажбата

    5. Доставувањето на понудите се врши преку поштата или со доставување во архивата на општината.

    6. Понудите со документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака ,,НЕ ОТВАРАЈ“ и со цитирање не бројот на огласот.

    7. Пликот не смее да содржи никаква ознака од која би можело да се идентификува понудувачот.

    8. Понудата се доставува во еден оригинален примерок кој треба да биде заверен и потпишан од понудувачот, а за физичко лице само потпишан примерок на понудата.

    9. На понудувачите чија понуда нема да им биде вратена, депозитот им се ваќа веднаш по заклучувањето на јавното наддавањe

    10. Најповолниот понудувач-купувач е должен вкупната цена на движната ствар да ја положи во рок од 15 дена од денот на продажбата , во спротивно ќе се определи нова продажба.

    11. Продажбата со јавно наддавање ќе се одржи на 09.06.2014 година во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10 часот.

    Претседател на Комисија

                                                                                                                                     Димитар Рунтевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...