На 28.05.2014 год. (среда) во општина Пехчево во кабинетот на Градоначалникот на општина Пехчево беше организиран свечен прием по повод потпишувањето на Меморандум за соработка со здружението на пензионери од Пехчево и Организацијата на жени Пехчево.
Потпишаните Меморандуми се однесуваат на конкретната имплементација на проектот ”Патронажна служба за помош и нега во домашни услови – нова социјална услуга во општина Пехчево“ во рамки на проектот ”Промовирање на одржливи вработувања III“ и поддршка на Владата на Република Mакедонија во спроведувањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година и Програмата Општинско-корисна работа.
Партнерските организации активно ќе се вклучат во имплементација на предвидените проектни активности преку организација на Обука за основен медицински пакет за помош и нега на стари лица, односно пренесување на искуства од реализираниот проект во периодот 2011-2012 – ,,Мобилен патронажен тим за пружање нега на стари и изнемоштени лица: Добро утро, како сте?,, од страна на Организацијата на жени од Пехчево и формирање на тимови за психо-социјална поддршка на старите лица и поддршка на лицата кои ќе вржат организирана посета на истите од страна на здружението на пензионери од Пехчево.