20.2 C
Pehčevo

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Датум:

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската непрофитна организација Darien Book Aid, која е посветена на унапредување на писменоста низ целиот свет за англискиот јазик.
    Благодарение на ова партнерство, Библиотеката доби околу 40 книги на англиски јазик, внимателно избрани за да им послужат на граѓаните од нашата заедница. Овие книги веќе се достапни за разгледување и читање во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево
    А тоа е само почеток — во текот на следната година, Библиотеката и волонтерката од Мировниот Корпус во општина Пехчево Шејна Малцер ќе започнат нова програма: „English Reading Corner Pehcevo“. Преку оваа иницијатива, децата од училишна возраст ќе уживаат во книжевни настани, активности и забавни можности за истражување на светот на читањето на англиски јазик и американската култура и начин на живот.
    Голема благодарност до сите што беа вклучени во оваа донација — со нетрпение очекуваме нашите млади читатели да се вклучат во овие нови приказни!

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 11-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...