-1.6 C
Pehčevo

    ОГЛАС – За продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена

    Датум:

    Jugotutun-Pobeda

    Врз основа на  Одлуката на Собранието  на доверители  на стечајниот должник АД ЈУГОТУТУН-ПОБЕДА акционерско друштво за производство, откуп, обработка и промет со тутун и други производи Пехчево -во стечај  со седиште на улица Маршал Тито бр. 1 Ст. бр. 82/2004 од 06.09.2012 година а согласно член 8 од Законот  за заклучување на стечајни постапки отворени согласно законот за присилно порамнување,стечај и ликвидација и член 98 и 99 од Законот за стечај (Сл.весник на РМ 12/2014) Стечајниот управник  ,објавува:

     

    О  Г  Л  А  С

    За продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена

    Се продава следниот имот на стечајниот должник АД ЈУГОТУТУН-ПОБЕДА акционерско друштво за производство, откуп, обработка и промет со тутун и други производи Пехчево -во стечај  со седиште на улица Маршал Тито бр. 1 и тоа:

    Недвижен имот .

    1.Магацин за суров тутун-Касарна(згр.1 во и.л.2388) КП 930 со вкупна површина од 601 м 2 :  КО Пехчево,

    2.Дел од касарна(Зграда 2 во и.л.2388)КП 930 КО Пехчево со површина од 66  м 2

    3.Ферм завод(Зграда 3 во ИЛ 2388) КПбр. 930 објектот е заведен со катност :Сутерен 80 м 2  Приземје со вкупна површина 1128 м 2  и кат со површина од 374 м 2

    4.Зграда 3 во ИЛ 2388-гаражи во сутерен  дел од објектот зграда 3 КП Бр. 930 за КО Пехчево  површина  187 м 2

    5.Зграда за откуп (Зграда 4 во ИЛ 2388)КП бр. 930 за КО Пехчево со корисна површина од 172 м 2

    6.Управна зграда дел (зграда 5 во ИЛ 2388) КП бр. 930 за КО Пехчево со површина приземје 46 м 2 и кат со 58 м 2

    7.Управна зграда (зграда 6 во ИЛ 2388) КО Пехчево КП Бр. 930 подрум со површина од 34 м 2 ,  Кат со површина од 121 м 2      Приземје со површина од 118 м 2

    8.Магацин(зграда 7 во ИЛ 2388) КП бр. 930 за КО Пехчево објектот е заведен како приземје со површина од 90: Објектт е заведен како приземје  и е

    9.Помошна зграда 10 во ИЛ 2388(работ и гаража):КП Бр. 930 за КО Пехчево .Објектот е заведен приземје со површина од 71 м 2

    10.Помошен објект (мазутара)згр 11 во ИЛ 2388:КП Бр 930 за КО Пехчево со површина од 11 м 2

    11.Ливада 4 класа во мв Подуево ИЛ 559 повр 8572 м2   под шифра 832 од кои 2/3 припаѓат на АД Југотутун односно 5715 м 2  Земјиштето е било порано вишнов насад.

    Движен имот

    1.Деловна опрема

    2.Друг движен имот

    Проценета вредност на имотот изнесува   25.046.495,00 денари или 407.259,50  €

    Продажбата на горенаведениот имот ќе се врши по електронски пат на јавно надавање без утврдена почетна цена .Имотот предмет на продажба ,заинтересираните учесници можат да го разгледат секој работен ден од 09,00 часот до 13,00 часот со претходна најава кај стечајниот управник Велин Митевски на телефон 075 452 482

    За учество на Е-Аукцијата ,учесниците задолжително да уплатат депозит 10% од проценетата вредност,износ од 2.504.650,00 ден .со уплата најдоцна до  09.06.2014 година.

    Е-Аукцијата ќе се одржи на ден  13.06.2014 година со почеток  од 12,00 часот до 12,30 часот и ќе трае 30 минути согласно член 5 од правилникот со јавното надавање бес почетна  . Праг на надавањето изнесува 500.000 денари.

    Право на учество на електонската продажба ќе имат правни и физички лица  кои ќе уплатат депозит 10% од проценетата или ќе достават банкарска гаранција најкасно до 11.06.2014 година со цел на дознака   ЗА Е-АУКЦИЈА  и за кој имот аплицират и да го известат стечајниот управник ,кој ќе им овозможи пристап за учество во елктронската продажба   .Заинтересираните купувачи ќе биде потребно да се најават  преку  системот Е-Аукција (хтт://е-субмит.црм.цом.мк/е аукција)што се води во Централниот регистар на Р Македонија дека имат намера да учестуват на елекронската продажба,најдоцна до 11.06.2014 година (Среда) до 15,00 часот.Плаќањето ќе се врши на сметка 240 210000835625   Уни банка  АД Скопје.

    По завршување на јавното надавање Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од надавањето.

    На учесниците кои нема да понудат највисок износ уплатениот депозит ќе им  биде вратен во рок од  5/пет/дена сметано од денот на  завршување Е-Аукцијата ,освен на учесникот чија понуда ќе биде избрана како најповолна и на учесникот кој понудил втора најповолна  цена.Сите даноци и други давачки поврзани со продажбата на имотот/ДДВ ,данок на промет на недвижности и други даноци ,Нотарските ,катастарските ,адвокатски и  други услуги /ги плаќа купувачот.

    На   31.05.2014

    Стечаен управник

    Велин Митевски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...