11.5 C
Pehčevo

    Одбележан патрониот празник на училиштето ,, Ванчо Китанов “

    Датум:

    Денес е 21 мај.. Денес е ден кога пред точно 72 годинa загинал Ванчо Китанов.
    Со пригодна културно уметничка програма, денеска учениците и наставниците го одбележаа патрониот празник на општинското основно училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево.

    Најпрвин свежо цвеќе беше положено пред бистата на патронот од страна на директорот и вработените во училиштето, градоначлникот на општина Пехчево и неговите соработници, сестрата на Ванчо Китанов, директорката и вработените во градинката ,, 7 Септември “ и други.

    Во празнично одбраниот концепт имаше прекрасен избор на песни, меѓу кои вреди да се спомнат прекрасниот мандолински оркестар при училиштето, прекрасна соло-изведба на песни и хумористична приредба и многу други.

    Децата пееја и рецитираа во чест на народниот херој чие име го носи нивното училиште, потсетувајќи на неговото херојство учениците и наставниците порачаа дека и понатаму ќе редат успеси и дека ќе бидат училиште за пример.

    Сите присутни на денешниот патронат имаа можност да бидат дел од детскиот свет на учениците кои со песни  го споделија убавото и го прославија патронатот.

    Дека училиштето е расадник на таленти се докажува со постигнатите успеси на сите полиња.

    За прв пат оваа година во чест на првоборецот Ванчо Китанов беше организиран конкурс на тема ,, Ванчо Китанов – живот и дело “, а како најдобри постигнувања беа одберени прозните творби на учениците: Симона Ризовска(1место), Маринела Секуловска(2место) и Ангела Пандурска(3место).
    Покрај врачените награда за прозните творби наградени односно благодарници и пофалници добија и учениците кои добија награди на државните натпревари: Маја Пандова која го освои првото место на натпреварот по германски јазик и трето место на натпреварот по биологија, Ана Карафатска и Евгенија Пандова кои освоија трето место на државниот натпревар по биологија, Маринела Секуловска, Маја Пандова и Ајлина Патрева, освоија прво место на регионалниот натпревар во Делчево во категорија вокален солист, Бојан Костовски и Филип Крамарски во категорија инструменталист, а со први места се закитија и мандолинскиот оркестар и хорот при ова основно училиште.

    Едно големо браво за учениците и наставниците, Вие сте вистинските промотори не само на училиштето, туку и на Пехчево.

    Пред присутни се обрати и градоначалникот Поповски кој, на учениците и наставниците им посака многу успех и во иднина да не претставуваат во најдобро светло како и досега и им го честиташе патрониот празник на училиштето.

    Фотогалерија од празнувањето на патронатот на училиштето.

    Патронат Паронат1 Патронат3 Патронат2

    Патронат5 Патронат4 Патронат11 Патронат10

    Патронат7 Патронат6 Патронат9 Патронат8

    Патронат12

     

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...