6.5 C
Pehčevo

    Пехчево ќе ја подобрува локалната водоводна и комунална инфраструктура

    Датум:

    Договор животна средина

    Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски и Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири потпишаа два договори за заштита и подобрување на квалитетот на водите во Пехчево.

    Во Пехчево ќе се реализираат два проекти и тоа:

    • „Изградба на таложник за вода за пиење пред филтер станицата во Пехчево“ и
    • „Изградба на пречистителна станица за комунални отпадни води во с. Црник, Пехчево“.

    Овој договор е потпишан согласно Програмата за инвестирање во животната средина и конкурс за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година.

    договор животна средина1

    Целта на проектот „Изградба на таложник за вода за пиење пред филтер станицата во Пехчево“ преставува потреба да Пехчево и околните села добијат почиста вода за пиење и решавање на долгогодишниот проблем со заматената вода, додека со проектот „Изградба на пречистителна станица за комунални отпадни води во с. Црник, Пехчево“, ќе се реши долгогодишниот проблем со загаденоста на Црничка река која минува низ селото и спречување на евентуални заразни болести кои можат да се појават.

    Овие проекти се од голема важност за да се подобри локалната водоводна инфраструктура во Пехчево, поточно Пехчево и населените места да добијат почиста вода за пиење и решавање на горчливиот проблем во село Црник како и подобрување на квалитетот на живот во општината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...