6.5 C
Pehčevo

    Проектот ,, Садница плус “ започна со реализација во образовните институции во Пехчево

    Датум:

    Садница плус 2015.

    Општина Пехчево, активно се вклучи во проектот „Садница плус“ кој го спроведува организацијата “Ден на дрвото – засади ја својата иднина”, во соработка со основното училиште и градинката.
    Учениците од ООУ,, Ванчо Китанов“ и детската градинка ,, 7 Септември “, вчера се приклучија на проектот „Садница плус“ во која учениците извршија посадување на семенски материјал – семе од ела. Водечка идеја на овој проект е секој ученик преку сопствено искуство да се почувствува одговорен, секој ученик да се почувствува активен, како дел од целина која заеднички функционира.
    Во рамки на проектот кој има едукативна и еколошка функција, училиштето добило семе од Ела за секој ученик, како и упатство за секој наставник. Посаденото семе учениците ќе го чуваат во училниците, за да можат да го следат никнувањето и растењето на елата.

    Садница плус 2015
    Заедно со дечињата семе засеа и градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски кој рече дека општината и во иднина ќе продолжи да ги почитува напорите на граѓанската иницијатива Ден на дрвото”.
    -Ентузијазмот кој денес го споделивме со децата кои ги засадија семките за дрвца ме убедува дека иднината на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ е цврсто вкоренета во желбата и свеста на младите учесници. Покрај тоа што засадивме семе од ела во саксии, кај младите генерации засадуваме нова култура, традиција, желба и почит кон македонската шума. Тоа е нешто непроценливо и општината и во иднина ќе продолжи да ги почитува напорите на граѓанската иницијатива ,, Ден на дрвото”, изјави Поповски.
    Акцијата „Садница плус“, воедно е дел од Акцијата „Ден на дрвото“ што се реализира на целата територија на Македонија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...