8.7 C
Pehčevo

    Фестивал на дувачки оркестри – Пехчево 2015

    Датум:

    Во чест на празникот Павловден, општина Пехчево традиционално продолжува да го организира Фестивалот на дувачки оркестри. Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево, ќе се одржи во Пехчево, од 10 до 13 јули 2015 година.

    Фестивалот се организира како дел од активностите за прославување на празникот на градот – Павловден и има за цел да ја промовира традиционалната музика и на дувачките оркестри да им овозможи поголема афирмација.

    За прв пат ваков фестивал во Пехчево беше организиран 2001 година, со учество на 10-тина дувачки оркестри од Македонија, кој беше вистинска атракција за посетителите. Заради финансиски потешкотии на организаторите, иако имаше голем интерес од учесниците сепак престана да се организира.

    Во 2011 година Општина Пехчево ја превзема комплетната организација на фестивалот, со определба овој настан да прерасне во традиционален и да биде една од атракциите што ќе се организира во Пехчево во летниот период.

    Секој оркестар ќе може да се претстави со програма во траење од 30 минути, во која ќе има едно македонско оро како задолжителен дел за сите учесници и слободен дел по сопствен избор. Концертите ќе бидат вечерни, со почеток во 21.00 часот. Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер и за најуспешните учесници се обезбедени вредни награди и тоа :

    1 место. Златна труба и директно учество на фестивалот во Гуча

    2 место. Мини труба и директно учество на фестивалот во Гуча

    3 место. Тапан

    За професионална оценка на квалитетот на изведбата, Општина Пехчево ангажира стручно жири од вредни експерти во оваа област.

    Краен рок за пријавување на заинтересираните учесници е 01 јули 2015 година.

    Како дел од активностите за прославување на Павловден, на 13.07.2015 година ќе се одржи и традиционалниот Етно саем – Пехчевски Павловден на кој ќе се претстават произодители на традиционална храна и ракотворби. Организирањето на ,, Пехчевски Павловден ,, ќе овозможи промоција и презентација на традиционална храна, домашни ракотворби и занаети, не само од Пехчевскиот крај туку од цела Македонија. Оваа манифестација се организира во Пехчево веќе по шести пат и секоја година има се повеќе заинтересирани учесници.

    Со овие настани, покрај негувањето на традиционалната вредност, што е една од определбите за развој на Општина Пехчево, очекуваме да имаме поголем број на туристи и посетители во Пехчево во летниот период. Овие настани надополнети со туристичките атракции : водопадите, природните убавини, традиционалната пехчевска кујна ќе придонесат Пехчево да биде една од атрактивните туристички дестинации како за домашните така и за странските гости.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...