8.7 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ОГЛАС за избор на директор на Општинска установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин”-Пехчевo

    Датум:

    Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 12 став 3 од Законот за библиотеките (,,Сл. весник на РМ” бр. 66/04, 51/11, 89/08, 116/10,51/11, 88/15, 152/15) и член 23 од Законот за работни односи (,,Сл.весник на РМ бр.62/05…….. 129/15”),

    Градоначалникот на општина Пехчево распишува:

    Ј А В Е Н   О Г Л А С
    за избор на директор на Општинска установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин”-Пехчевo

    1. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве посебни услови:

    • Завршено високо образование со VII/1 степен, или најмалку 240 кредити по ЕКТС;
    • Најмалку 2 години работно искуство;
    • Не му е изречена мерка безбедност, забрана за вршење професија дејност или должност.

    2. Јавниот оглас ќе трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето, а кандидатите кои ги исполнуваат општите услови предвидени од ЗРО и компетенциите предвидени во посебните услови ќе бидат повикани на интервју во рок од 8 (осум) дена по завршувањето на јавниот оглас.
    Известувањето за извршениот избор се доставува до кандидатите во рок од 8 дена од денот на изборот на директор.

    3. Со пријавата кандидатите треба да приложат:

    • Оригинал диплома-уверение за завршено високо образование или заверен препис од истите;
    • Кратка биографија (CV);
    • Мотивационо писмо;
    • Програма за работа за период од 4 години;
    • Потврда за работно искуство;
    • Потврда дека немаат изречена безбедносна мерка забрана за вршење професија дејност или должност.

    4. Работни часа неделно: 40, работно време: од 08:00 до 16:00, работни денови: од понеделник до петок.

    5. Нето плата 22.200,00 илјади денари.

    6. Пријавата со потребната документација треба да се достави до Управниот одбор на библиотеката, односно во просториите на ОУМБ ,,Кочо Рацин” ул. Маршал Тито бр.3 2326 Пехчево, лице за контакт: Златко Стаменковски, тел: 033-441-678, со назнака за објавениот оглас за директор на ОУМБ ,,Кочо Рацин”- Пехчево.

    7. Некомплетната и ненавремено доставена документација нема да биде разгледувана.

    Градоначалник на општина Пехчево

    Игор Поповски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...