8.1 C
Pehčevo

    Се интензивираат активностите за изградба на пречистителна станица во село Црник – Пехчево

    Датум:

    Со подготвителните работи за проектирање на трасата и пробивање на пристапен пат започнаа да течат активностите, а оваа недела и официјално ќе започне изградбата на пречистителната станица за комунални отпадни води во село Црник – Пехчево.

    Со подготвителните работи за проектирање на трасата и пробивање на пристапен пат започнаа да течат активностите, а оваа недела и официјално ќе започне изградбата на пречистителната станица за комунални отпадни води во село Црник - Пехчево.
    Со изградбата на пречистителната станица за комунални отпадни води во село Црник ќе се заштити загадувањето на Црничка река, но и подземните води и почвата во поширокиот регион.

    -Со овој проект покажуваме дека остануваме посветени на реализација на проектите кои ги ветивме на граѓаните, а тоа е изградба на пречистителна станица за комунални отпадни води во с.Црник, со што ќе се прочистуваат водите и ќе имаат правилен третман на отпадните води со цел да се подобри квалитетот на животот на жителите во ова село. Проектот за изградба на пречистителна станица е од животно значење за ова село, со него сакаме да ја заштитиме и Црничка река и околината околу неа.  Овој проект треба да биде одржлив и граѓаните да бидат задоволни со него, рече градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.

    За изградба на овој проект беше потпишан договор согласно Програмата за инвестирање во животната средина и конкурс за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година.

    Договорот за градба преку предходно спроведена јавна набавка го доби фирмата Мартин Инженеринг ДООЛ – Скопје, а вредноста на проектот изнесува 1 764 307 денари, додека средствата се обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...