Општина Пехчево по трет пат се вклучува во кампањата за одбележување на ,,Европска недела на мобилност,, и по тој повод Ве покануваме да се вклучите и Вие заедно да го одбележиме ,,22 Септември – Ден без автомобили,,.
Овој Меѓународен ден без автомобили Општина Пехчево ќе го одбележи со организирање на крос натпревар. Крос натпреварот ќе се одржи на булеварот Борис Кидрич во период од 14:30 до 15:30 часот.
Во трката ќе земат учество учениците од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево:
Прва трка: ученици од VI (шесто) до VII (седмо) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево – машки;
Втора трка: ученици од VI (шесто) до VII (седмо) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево – женски;
Трета трка: ученици од VIII (осмо) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево – машки;
Четврта трка: ученици од VIII (осмо) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево – женски;
Од страна на Општина Пехчево, во соработка со Министерството за внатрешни работи на 22.09.2015 година на ,,Денот без автомобили,, во периодот од 14:30 до 15:30 часот ќе биде овозможено улицата ,,Борис Кидрич,, да биде затворена за сообраќај.
Настанот има цел да ја подигне свеста кај граѓаните за влијанието на транспортот врз квалитетот на воздухот и да ги охрабри да го подобрат здравјето со промена на еден нивен ден во ден на мобилно однесување.
Европската недела на мобилност е кампања која промовира визија на градски улици на кои не доминираат моторните возила. Тоа е недела на велосипедистите, пешаците, возачите на ролери, тротинети, скејт-борди, корисниците на инвалидски колички, на сите учесници во сообраќајот кои не ја загадуваат животната средина, не прават бучава, не го заземаат животниот простор на своите сограѓани.