11.5 C
Pehčevo

    Со крос натпревар во Пехчево одбележан Денот без автомобили

    Датум:

    Ден без автомобили1

    Во организација на општина Пехчево и Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска во Пехчево се спроведе активноста „Ден без автомобили“.
    Во рамки на Европската недела на мобилност и одбележување на Светскиот ден без автомобили – 22 Септември, конвој од над сто млади ученици од општинското основно училиште ,, Ванчо Китанов “, овој ден го одбележаа со крос натпревар.
    Настанот се одржа од 14:30 до 15 часот, а активностите се одвиваа на булеварот ,, Борис Кидрич “. Во соработка со Министерството за внатрешни работи, Булеварот беше затворена за сообраќај и резервиран за крос натпреварот, на кој учество зедоа децата од шесто до деветто одделение.

    Ден без автомобили2
    На трката во машка конкуренција од шесто и седмо одделение прв на целта стигна Димитар Кратевски , втор кој на целта стигна е Александар Стојковски, а третото место го освои Игор Велевски. На трката во женска конкуренција од шесто и седмо одделение победи Верица Величкова, додека втора беше Стефани Вуксанова, а трето место и припадна на Мариела Илиева.
    На трката во машка конкуренција од осмо и деветто одделение победи Атанаско Перунковски, зад него на целта пристига Мартин Митревски, а зад нив на третатата позиција успеа да се пласира Оливер Станоев, додека на трката во женска конкуренција од осмо и деветто одделение прва пристигна Кристина Манчевска, зад неа беше Евгенија Пандова, а трета на целта пристигна Елена Митревска. Градоначалникот Поповски на сите победници на натпреварот во својот кабинет ќе им ги врачи благодарниците и паричните награди.

    Ден без автомобили
    -Ги поздравувам младите кои зедоа учество во овој крос натпреварот организиран токму на Денот без автомобили, а им упатувам благодарност на сите учесници кои се приклучија на акцијата и автомобилите за кратко ги заменија со велосипеди или дојдоа пеш, за заеднички да ги мотивираме останатите граѓани да ги следат нашите чекори. Особено ме радува фактот што најбројни се младите, кои се помасовно ги употребуваат велосипедите не само во градот, туку и во поширокото подрачје.
    Поповски упати апел и до возачите, не само денеска формално да се одбележува Светскиот ден без автомобили, туку колку што е можно почесто, дневните активности да ги вршат одејќи пеш или со велосипед со што ќе се заштити здравата животна средина и амбиенталниот воздух од штетни гасови и од бучава. Секој од нас, со својот избор на транспорт и со мала промена на секојдневните навики може да придонесе за поквалитетна животна средина, подобро здравје и поквалитетен живот, информира градоначалникот Игор Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...