12 C
Pehčevo

    2017 ќе биде година на капитални инвестиции во општина Пехчево

    Датум:

    Градоначалник сликаНа денешната тематска прес- конференција, градоначалникот Игор Поповски направи рекапитулација на реализираните проекти за 2016 година, како и тековните и идните инфраструктурни капиталните инвестиции за 2017 година. Тој посочи дека Пехчево, во изминативе четири години континуирано се уредува и разубавува и дека не постои место на територијата на општина Пехчево, каде во изминативе години не се инвестирало, реконструирало или градело.

    Драги пријатели,

    Почитувани сограѓани,

    Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за поддршката и соработката која ја имавме во овие изминати години. Денешниот изглед на општината не е заслуга само на неколку луѓе, денешниот изглед на општината е заслуга на сите нас, граѓаните на оваа општина, кои пкажавме и докажавме дека ако општината се сака може многу да се направи за неа.

    Се обврзавме да го спроведеме ветеното, да го промениме ликот на локалната политика. Најголем дел од ветувањата ги реализиравме досега, како што реализиравме и проекти што не беа предвидени во програмата.

    Има уште многу барања од граѓаните кои треба да се реализираат, но како мала општина со мал буџет не можеме сите работи наеднаш да ги завршиме, за некои треба многу труд и време.

    Во голем дел планираните проекти за 2016 година се реализирани, но некои сепак поради административни пречки, изборите и временските услови се почнати или ќе почнат во 2017 година и ќе бидат завршени во првите месеци од 2017 година.

    Во 2016 година, општина Пехчево беше едно големо градилиште и доживеа голема градежна експанзија. Во градот Пехчево се заврши реконструкцијата на старата училишна зграда која е предвидена за потребите на дисперзираните гимназиски паралелки, завршена е и втората фаза на барскиот еко – систем Езерце, а во негова близина направен е и авантуристички парк составен од адреналинска патека и ЗИП линија, направен е таложник за вода до филтер станицата во Пехчево, направен е долгоочекуваниот далековод до туристичката населба Равна Река во должина од 13,5 км примарна и 4 км секундарна мрежа, изграден е Едукативен центар за заштита на природата во село негрево, две улици со бехатон плочки во должина од 1300 метри во село Црник, пречистителна станица за отпадни води во село Црник, хлоринатор за водата за пиење и нов мост во истото село, во село Умлена е изграден нов плоштад, во село Робово реконструрина е училишната зграда и дворното место на истата, во село Чифлик реконструирана е училишната зграда и завршена е третата фаза од канализацијата, пристапните патишта за с. Умлена и с. Панчарево се подобрени, до локалитетот Св. Петка изграден е пристапен асфалтен пат, обезбедени се два нови котли на пелети и нова котлара во детската градинка „7 Септември“, реализиран е бизнис форумот за креирање на буџетот на општината и многу поситни проекти за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, направен е проект за сообраќајно решение на целата општина.

    Сите проекти ги реализиравме со голема поддршка на Владата на РМ, поддршка на донатори и со сопствен буџет и се во вредност од 84.860.000,00 денари или околу 1.400.000,00 ЕУР.

    За 2017 година ќе ги спомнам поголемите инфраструктурни проекти, кои ќе ја надминат вредноста од 1.000.000,00 ЕУР.

    Почнати проекти, а недовршени во 2016 година, а ќе се реализираат во текот на 2017 година се: тротоарот на улица Истра, реконструкција на зградата Пожарен дом и нејзина адаптација за да биде во функција на музеј, сала за состаноци и пензионерски дом, почнат е проектот од меѓуграничната соработка со Република Бугарија „Платформа за прекуграничен фестивалски туризам на полето на традициите и културата – Фолклор“, кој содржи изградба на инфо – центар на влезот во пехчево, а проектот за асфалтирање на 8 улици во Пехчево ќе почне со релаизација во почетокот на 2017 година.

    Нови проекти за 2017 година се:

    Изградба на мост на местото викано „Бамбурци“, изградба на трепезарија во деткста градинка како и изградба на улица во индустриската зона „Грозил“, во село Панчарево е предвидена комплетна реконструкција на задружниот дом, а во должина од 1600 метри ќе се реконстуира пристапниот пат, во с. Црник изградба на тоалети во салата и реконструкција на зафатот за вода за пиење, изградба на по 2 улици во с. Робово и с. Умлена – предложени од граѓаните, во с. Чифлик изградба на мост како и завршување на колекторскиот систем од Пехчево до с. Смојмирово, во Негрево дворното уредување на едукативниот центар.

    Секако општина Пехчево има просперитет со самиот развој на туризмот, кој треба да биде главен економски двигател, постоечките стопански капацитети треба да опстојат како и до сега, во перспектива ќе се отворат и два нови рудници за јаглен и за бакар. Со сите овие потенцјали Пехчево за некоја година ќе биде економски развиена општина со голема посетеност на туристи, а младите кои заминаа на пачалба би требало со голема веројатност да се вратат и тоа во голем процент затоа што својата егзистенција можат да ја најдат и во своето родно место.

    Со еден збор можам да кажам дека Пехчево е на добар пат и во иднина ќе има перспектива.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...