11.5 C
Pehčevo

    Љубителите на убавиот пишан збор уживаа во промоцијата на книгите „На заминување“ и „Приказни од една младост“ од Ленче Китанова

    Датум:

    Во просториите на библиотеката „Кочо Рацин“ – Пехчево во присуство на читателите и љубителите на убавиот пишан збор, а во организација на тимот од библиотекари и директори се одржа промоција на книгите „На заминување“ и „Приказни од една младост“ од Ленче Китанова.

    Промоција Ленче Китанова

    Габриела Костадинова библиотекар, а воедно и водителка на промоцијата истакна дека оваа промоција е во чест на двата празника Св.Трифун и Св.Валентин.

    – „Ги испративме новогодишните празници и сега сме на почеток на еден нов период на една друга година полна со предизвици во која не очекуваат и нови активности. Поводот што денеска сме собрани овде во ова февруарско попладне е во чест на двата празника Св. Трифун и Св. Валентин со промовирање на две книги поезија и проза на една наша писателка Ленче Китанова“.- истакна водителката и библиотекар Габриела Костадинова.

    На 14 Февруари се слави Св.Трифун- празникот на лозарите, денот кога се закројува лозјето, празникот на винарите, на виното и на сите љубители на овој пијалок на боговите. Но, на 14 Февруари се слави и Св.Валентин – денот на вљубените, кој од пред неколку години масовно го прифатија и го прославуваат младите од Македонија.- продолжи Костадинова.

    Во продолжение Габриела ја прочита биографијата за Ленче Китанова-родена во Штип 1964 г. проф. по македонски јазик која освоила многу награди во Србија,Русија, Италија, Бугарија, Македонија меѓу кои и Гран-при на Рацинови средби, на литературната манифестација „Никола Кљусев“, на литературната манифестација „Ракатки“ и многу други. Во 2015 год. е прогласена за наставник на годината од Сојуз на просветни работници во Македонија.

    Промоција Ленче Китанова-

    Промоцијата продолжи со промовирање на збирката раскази од страна на промоторот Љупка Стојменова, наша сограѓанка, проф. по македонски јазик која живее и работи во Кочани. Дел од поезијата читаа и двете дами директорката на библиотеката Јасмина Цековска и проф. по македонски јазик Јулија Велковска. На крајот свое обраќање имаше и писателката која се престави пред присутните во библиотеката.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...