Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации и општина Пехчево во насока на спроведување на активности од страна на Општина Пехчево во рамки на проектот “Креирање можности за работа за сите – IV” и спроведувањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година и Програмата Општинско – корисна работа, општина Пехчево на ден 15.09.2020 година објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
,,крајни корисници,, за користење на услугите од проектот
“За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021” и
“За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ”
во рамки на
Програмата Општинско – корисна работа
- Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од општина Пехчево од следните категории – крајни корисници:
- лица со намален функционален капацитет во остварување на секојдневните потреби
- стари, осамени и изнемоштени лица,
- хронично болни лица и,
- др. лица во социјален ризик.
кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата Општинско-корисна работа,
– проект “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021” за крајни корисници од населените места Пехчево, с.Чифлик и с.Умлена, односно
- за проектот “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ” за крајни корисници од с.Црник,
како ,,крајни корисници,, односно да бидат корисници на услуга – помош во домот за лица со намален функционален капацитет во остварувањето на секојдневните потреби преку организирана посета од страна на обучени лица – Асистенти за помош во домот да поднесат ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО.
- Работните активности кои се предвидени со проектите “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021” за крајни корисници од населените места Пехчево, с.Чифлик и с.Умлена, односно проектот “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ” за крајни корисници од с.Црник, предвидуваат социјална заштита и вклученост на старите/изнемоштени и др. категории на лица-крајни корисници и поддршка на нивните секојдневни активности во насока на подобрување на нивната здравствена и хигиенска состојба.
Истите предвидуваат но не ограничуваат:
- набавка на храна и др. потреби за домаќинството;
- набавка на лекови на дневна основа и консултации со матичен доктор;
- плаќање на сметки;
- ситни поправки и работи во домот на корисникот
- Крајните корисници (или во нивно име друго лице), Пријави за учество во проект “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021” за крајни корисници од населените места Пехчево, с.Чифлик и с.Умлена, односно за проектот “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ” за крајни корисници од с.Црник, можат да поднесат во Општина Пехчево, Канцеларија за Локален економски развој (кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа) најдоцна до 30.09.2020 година.
- Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, Меѓуопштински центар за социјални работи, Канцеларија за материјални давања Пехчево.
- Проектот проект “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021” за крајни корисници од населените места Пехчево, с.Чифлик и с.Умлена, односно за проектот “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ” за крајни корисници од с.Црник, ќе се имплементира во општина Пехчево со времетраење од 6 месеци.
Детални информации за Јавниот оглас можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 441 321 лок. 14 и на следната интернет адреса: www.pehcevo.gov.mk, односно во МЦСР Берово, Канцеларија за материјални давања Пехчево кај лицето Даниела Станоевска.
За повеќе информациии околу Програмата Општинско-корисна работа може да се обратите во Општина Пехчево, Центарот за вработување и/или Меѓуопштинскиот центар за социјална работа или на следните веб страни:
www.samovrabotuvanje.mk
Општинска Комисија за спроведување
на Програмата Општинско-корисна работа во
општина Пехчево