Општина Пехчево
ОБЈАВА број 01/2020
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Пехчево
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
- 1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, согласно Локална урбанистичка документација за изградба на комунална супраструктура Е2-фотоволтавична централа со тех.број 62/12 од април 2012 година , одобрена од страна на градоначалникот на Општина Пехчево со Решение бр.08-1141/8 од 30.07.2013година , согласно Табеларен преглед бр.1 , во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, намена на градба, максимална висина и катност, вкупна површина на градежната парцела, процент на изграденост, коефициент на искористеност, максимална дозволена површина за градење, бруто развиена површина и банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ од 100% до 500% од вкупната почетна цена на градежното земјиште.