12 C
Pehčevo

    Дневен ред на дваесет и седма седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 27-та седница на советот.

    27 седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 30.01.2020 четврток со почеток во 13 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 26-та седницана советот на општина Пехчево

    2.      Предлог одлука за определување на ширина на крајбрежниот појас на Робовска река покрај опфат на с.Робово, опфатен со урбанистички план за с.Робово, општина Пехчево;

    3.      Предлог одлука за определување на ширина на крајбрежниот појас на Негревска река Поток 1 и Поток 2, во општина Пехчево, опфатен со урбанистички план за  село Негрево општина Пехчево;

    4.      Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на годишен план за вработување воООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2020 година;

    5.      Предлог одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2020 година;

    6.      Предлог одлука за усвојување на финансиски план на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2020 година;

    7.      Предлог одлука за усвојување на годишен план за јавни набавки на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2020 година;

    8.      Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2020 година и годишен извештај за Програмата за 2019 година;

    9.      Предлог oдлука за ослободување од партиципација на ромски деца на возраст од три до шест години за престој во Детска градинка ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за периодот од 01.01.2020 – 31.08.2020 година;

    10.  Предлог oдлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бод за пресметување на плата на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца – ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2020 година;

    11.  Предлог одлука за усвојување на иницијатива за финансирање на ЛУПД за изградба на Е2-комунална супраструктура фотоволтаична централа со капацитет до 1MW на КП 2322, КП 2323, КП 2324, КП 2325, КП 2326 и др. КО Негрево, општина Пехчево

    12.  Предлог одлука за усвојувaње на Годишната програма за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2020 година;

    13.  Барања од граѓани;

    14.  Советнички прашања;

    15.  Тековни активности;

    16. Предлог oдлука за донесување на ДУП Стара Касарна Пехчево, општина Пехчево;

    17. Предлог oдлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...